Во периодот од 05 до 08 мај во општина Неготино се реализираше проектот ,, Мрежа за култура, спорт и туризам ,, кој е финансиран од програмата ,, Европа за граѓаните 2007 – 2013 г.,, и тоа мерка 1 – Активни граѓани за Европа и подмерка 1.2. – Мерка на збратимени градови во кој општина Неготино е еден од партнерите на општина Попово – Република Бугарија. Во спроведувањето на проектот учество зедоа над 80 учесници од партнерите општини – Камплунг – Романија, општините Попово и Две Могили – Бугарија, Повијат Трзбеницки – Полска, општина Берово – Македонија, како и 30 – тина учесници од општината домаќин – Неготино.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Општина Неготино во соработка и партнерство со Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, организираше панел – дискусија на тема ,, Европските стандарди за заштита на животната средина – управување со цврстиот отпад во Неготино ,,. Воведно обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој се осврна на фактичката состојба на теренот на ова подрачје, а свои излагања пред присутните имаа и Амбасадорот Ерван Фуере – Специјален претставник на ЕУ и Шеф на делегацијата на ЕУ во нашата земја, Билјана Јадровска од Секретаријатот за Европски прашања и професорот Мирко Трипуновски – претставник на Европското движење. |
|
Повеќе...
|
|
На пригодна свеченост што се одржа во близина на с. Пепелиште претседателот на Владата на РМ – Никола Груевски, директорката на Агенцијата за државни патишта – Наташа Волкановска и градоначалникот на општина Неготино – Пане Трајков со сечење на лента во употреба го предадоа комплетно реконструираниот патен правец Неготино – Лакавица. |
|
Повеќе...
|
Врз основа на спроведената јавна анкета во која граѓаните јасно и недвосмислено се произнесоа дека на Неготино му е неопходна градска капела, градоначалникот Трајков, советниците во Советот на општината и стручните служби ги презедоа сите неопходни активности, што пак резултираше со поставување камен – темелник на градската капела која е лоцирана во близина на градските гробишта во Неготино.
|
|
Повеќе...
|
|
Во организација на ЗЕЛС и со финансиска поддршка од УСАИД во општина Неготино започна да се спроведува проектот ,, Транспарентна општина ,, во чии рамки во просториите на ТИЦ ,, Желкова куќа ,, се одржа тркалезна маса на која се дискутираше за актуелните состојби на овој план. Овој проект предходно беше спроведен во 10 општини во земјава, а во втората фаза меѓу вклучените 12 општини е и општина Неготино. Краток вовед за проектот, целта и значењето на тркалезната маса имаше Ирена Николова од ЗЕЛС, експертот Зоран Јачев ги претстави фазите од проектот и направи пресек на генералната состојба во единиците на локалната самоуправа во однос на информирањето и вклученоста на граѓаните, додека за актуелните во општина Неготино излагање имаше градоначалникот Пане Трајков кој ја истакна подготвеноста за извршување на обврските на локалната самоуправа како сервис на граѓаните. |
|
Повеќе...
|
Во селото Долни Дисан интензивно се одвиваат работите околу поставувањето на водоводната мрежа и обезбедувањето дополнителни количини вода за пиење за потребите на жителите на селото кои посебно во летниот период се соочуваат со драстичен недостиг од течноста што живот значи. Станува збор за проект вреден 4 милиони денари од кои 2,5 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, додека 1,5 милион денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>
|
|
Лист 3 од 8 |