|
Деновиве во просториите на локалното комунално претпријатие ,, Комуналец ,, пристигнаа 146 канти за отпадоци. Истите се донација од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и се со намена за подобрување на хигиената во градот. По утврдувањето на локациите кои би биле најадекватни за нивно поставување, кантите за отпадоци ќе бидат распоредени и поставени на неколку локации во градот. |
|
Повеќе...
|
|
|
Претставници од Одделението за локален економски развој при општина Неготино зедоа активно учество на втората работилница за стратегиско планирање на ЗЕЛС што се одржа во Битола, а која беше организирана од Заедницата на единиците на локална самоуправа на РМ со поддршка од УСАИД. Најнапред пред присутните беше презентиран прегледот на резултатите од првата работилница и беа конституирани оперативните тимови, по што на истите им беше претставена методологијата на работа на работилницата. |
|
Повеќе...
|
 На 17.03.2010 г. Советот на општина Неготино ја одржа 9-тата редовна седница. Меѓу другото, советниците донесоа одлука за обезбедување на сопствено учество на општина Неготино за реализација на проект од Програмата за рамномерен регионален развој – Проекти за развој на селата, како и одлука за обезбедување на сопствено учество за реализација на проекти за промоција на Вардарскиот плански регион како атрактивна бизнис дестинација. |
|
Повеќе...
|
|
Делегација на четвртиот по големина град во Република Турција- Бурса со над 2 милиони жители оствари работна посета на општина Неготино. За време на посетата тие остварија работна средба со градоначалникот Пане Трајков, присуствуваа на прославата на патронатот на ООУ ”Страшо Пинџур„ и потпишаа меморандум за соработка со директорката на училиштето Весна Јованова. |
|
Повеќе...
|
 ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И СТАТУТОТ НА ОПШТИНАТА, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДОНЕСЕ ОДЛУКА СО КОЈА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ СПОРТСКА САЛА “МЛАДОСТ” СЕ ПРЕНЕСУВА НА ЈКП”КОМУНАЛЕЦ”. ПЕТМИНАТА ВРАБОТЕНИ ВО ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ДЕНОТ НА СТАПУВАЊЕТО НА ОДЛУКАТА ВО СИЛА СЕ ПРЕВЗЕМААТ КАКО ВРАБОТЕНИ ВО ЛОКАЛНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ. |
|
Повеќе...
|
 СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЈА ОДРЖА 4-ТАТА ПО РЕД ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА КОЈА СЕ ДОНЕСОА ПОВЕЌЕ ОДЛУКИ И ЗАКЛУЧОЦИ ОД ДЕЛОКРУГОТ НА РАБОТАТА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ. ПОКРАЈ ОДЛУКАТА ДА СЕ ДАДЕ НА КОРИСТЕЊЕ САЛАТА ,, МЛАДОСТ ,, НА ЈП ,,КОМУНАЛЕЦ,, СЕ ДОНЕСЕ И ОДЛУКА ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИМОТ ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ,,ФЕМО КУЛАКОВ,, НА НОВООСНОВАНАТА ГРАДИНКА ,, БОРИС ТРАЈКОВСКИ ,, ОД Д.КАПИЈА ПО ПРЕДХОДНО СПРОВЕДЕН ДЕЛБЕН БИЛАНС. |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 Следно > Крај >>
|
|
Лист 4 од 8 |