ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
Спроведена еколошка акција на СРЦ „ Младост “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Припадници на Армијата на Република Северна Македонија заедно со припадници на Американската армија денес на СРЦ „ Младост “ Неготино спроведоа еколошка акција.
Оваа активност е во рамки на вежбата КФОР 27 која се спроведува на АП „ Криволак “ и е подготовка за најголемата воена вежба „ Одлучен удар 21 “ која се планира да биде изведена следната година на АП „ Криволак “.
Покрај вежбовните активности од цивилно воената соработка  ќе бидат спроведени и донации на заштитни средства и маски за граѓаните на општина Неготино за справување со пандемијата од Ковид 19.
Read more...
 
Честитка од градоначалникот Тони Делков по повод Денот на независноста PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Република Северна Македонија денес го слави денот на независноста 8 Септември, денот кога во 1991 година македонските граѓани на најдемократски начин ја изгласаа својата независност, сувереност и самостојност.
Од мое лично име како градоначалник но и од цела Општина Неготино Ви го честитам денешниот празник и посакувам и во иднина да славиме големи успеси и просперитет за нашата држава.
Честит празник 8 Септември – Денот на независноста !!!
 
ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино подготвена за безбеден престој на дечињата PDF Print
There are no translations available.

Детската градинка „ Фемо Кулаков “ Неготино е подготвена за безбеден пречек и престој на дечињата од нашата општина. Од 9 септември започнува новата воспитно – образовна година за вкупно по протокол 292 дечиња поделени во 21 група во двата објекти ( Мајски Цвет и Пролет ) и во групи во други просторни услови во Криволак, Тремник и Пепелиште.
Извршена е комплетна дезинфекција на сите пет објекти во градот и селата, а реновирани се купатилата и вратите во клонот Пролет. Согласно протоколите од МТСП, од 0 до 2 години ќе се згрижуваат по 6 дечиња во занимална, а од 2 до 6 години по 15 дечиња во занимална.
Безбедноста е наш приоритет и затоа за да ги заштитиме потребно е максимално да се вложиме сите за безбедноста на децата.
Среќен нов почеток !!!
Read more...
 
Второ прскање во Неготино против комарци PDF Print
There are no translations available.

   Согласно годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, општина Неготино на ден 09.09.2020 ( среда ) во периодот од 21 до 05 часот наредниот ден, ќе изврши дезинсекција односно превентивно машинско прскање на територијата на општина Неготино против  комарци. Дезинсекцијата со машинско распрскување ќе ја изврши фирмата Зотокс ДООЕЛ од Скопје, согласно решението издадено од Државниот и здравствен инспекторат.
Се информираат граѓаните и здруженијата од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.
 
Нови 550 столчиња за градскиот стадион во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Во завршна фаза е поставувањето на 550 нови столчиња на трибините на градскиот стадион во Неготино.  Овие столчиња се донација од Фудбалската федерација на Македонија, а по поставувањето на истите партерно  ќе се уреди и делот околу трибината. Со ова градскиот стадион во Неготино ќе добие поинаков и поубав изглед со што ќе се подобрат условите за следење на фудбалските натпревари во градот.
 
Read more...
 
Се откажува традиционалниот „ Неготински панаѓур 2020 “ PDF Print
There are no translations available.

  Согласно препораките на Владата за одржување на масовни собири и Одлуката која Советот на општина Неготино ја донесе на седницата одржана на 31.08.2020 година, се известуваат сите заинтересирани дека традиционалната стопанско - туристичка манифестација „ Неготински панаѓур 2020 “ која се одржува од 21 до 23 септември, годинава се откажува.
Се надеваме дека ситуацијата со Ковид 19 ќе се стабилизира и сите заинтереирани гости ги очекуваме наредната година.
Здравјето на граѓаните пред се.
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 6 of 256