ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
Започна Неделата на виното-Св. Трифун 2018 г. PDF Печати

   Со дегустацијата на вина и ракии од индивидуални производители започнаа активностите и настаните од 4-дневната манифестација Недела на виното која општина Неготино ја организира по повод празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Како што истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој присуствуваше на дегустацијата радува фактот што од година во година расте интересот за пријавување, при што годинава се пристигнати над 60 мостри од вина и ракии. Истите се оценувани од страна на енолози кои ќе го имаат конечниот збор за тоа кои вина и ракии ќе бидат прогласени за најквалитетни, а наградите и признанијата на најуспешните ќе им бидат врачени во среда на 14-ти февруари на централниот настан на градскиот плоштад од 12,00 часот. Игно Тасев претседател на комисијата и прв човек на Здружението на енолози на РМ потенцираше дека и покрај лошата ланска реколта, произведени се доста квалитетни вина и ракии и тие како комисија нема да имаат воопшто лесна задача при прогласувањето на најдобрите.

Повеќе...
 
Познати музички имиња ќе настапат за „Св.Трифун“ во Неготино PDF Печати

   Голем број познати музички имиња од македонската естрада, фолклорни друштва, танцови формации ќе настапат во Неготино во рамките на одбележувањето на централниот настан по повод празникот „Свети Трифун“ во среда на 14-ти овој месец. Организаторот подготви музичка програма во која ќе можат да уживаат повеќе генерации на граѓани од најмладите па се до највозрасните, а забавата ќе се одвива на 2 локации во Неготино. Првата е во среда со почеток од 12,00 часот на градскиот плоштад и истата ќе трае до кај 16,00 часот, додека во вечерните часови на старата градска чаршија од 20,00 часот ќе започне настанот „Вино, љубов,музика“, а забавата предвидено е да трае до раните утрински часови. Општина Неготино и градоначалникот Тони Делков упатуваат јавна покана до сите граѓани од општината и регионот да присуствуваат на забавите и да уживаат во понудената забавно-музичка програма.

Повеќе...
 
Недела на виното – „Св Трифун 2018“ Неготино PDF Печати
      
Повеќе...
 
Оглас за пријавување за вино терапија од „Изида спа“ за „Св.Трифун“ Неготино 2018г. PDF Печати

   Во рамките на одржувањето на  настаните и активностите од „Неделата на виното-Свети Трифун 2018г.“ оваа година ќе се вклучи и „Изида спа“ од Охрид која на заинтересираните им нуди третмани за убавина-терапија со вино и грозје. Во соработка со општина Неготино по случаен избор ќе бидат доделени 5 бесплатни ваучери кои ќе можат да се искористат на 13-ти февруари од 11 до 14 часот во просториите на винаријата Бовин. Сите заинтересирани можат да се пријавуваат на ПРИЈАВАТА во периодот од 31 јануари до 9 февруари која треба да биде пополнета со име, презиме  и контакт телефон на апликантот, а добитниците на гратис ваучери ќе бидат избрани по случаен избор на 12 февруари во текот на одржувањето на едукативниот настан организиран од „Изида спа“ од 13 до 14 часот. Исто така, „Изида спа“ нуди можност и за резервација на третмани за убавина-терапија со вино и грозје по промотивна цена од 500 денари со закажување на тел. број 070-304-565, а третманите ќе се работат на 13 февруари од 15 до 19 часот по предходно резервиран термин во просториите на винаријата Бовин. Од „Изида спа“ на граѓаните на општина Неготино и потенцијалните посетители од цела Македонија по повод Свети Трифун им порачуваат да ја искористат можноста допирот на телото да прерасне во допир на душата и да добијат одговор на прашањето зошто виното и винските терапии ја враќаат енергијата и виталноста на човечкото тело и душа.

ПРИЈАВА ЗА ГРАТИС ВАУЧЕР

Повеќе...
 
И годинава ќе се дегустираат и наградуваат вина и ракии од индивидуални производители PDF Печати
    Во рамките на одржувањето на традиционалната манифестација „Недела на виното-Свети Трифун 2018“ и предвидените програмски активности и годинава ќе се организира натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители. Право на учество имаат сите индивидуални производители со информација за нив дека потребните мостри од предходно споменатите пијалаци ќе можат да ги доставуваат во периодот од 25-ти јануари до 09-ти февруари на четврти спрат во зградата на општина Неготино кај лицето Дејан Дуровиќ, а за поблиски информации можат да се обратат на телефонскиот број 072/320-834 во периодот од 08 до 14 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од 5 членови од Здружението на енолози, а наградите и признанијата за најуспешните производители на вина и ракии ќе им бидат врачени за време одржувањето на централниот настан на 14-ти февруари на градскиот плоштад во Неготино. Годинава новина е тоа што по завршувањето на дегустацијата и оценувањето на мострите ќе биде организиран советодавен настан на кој членовите на комисијата пред производителите кои доставиле мостри од вина и ракија, како и останати заинтересирани граѓани кои ги произведуваат овие пијалаци и ќе изразат желба да присуствуваат на истиот, јавно ќе ги презентирани оценките, забелешките и сугестиите со единствена цел самите производители да се стекнат со нови знаења кои ќе им помогнат да прават уште поквалитетни вина и ракии.
 
Во тек е тендерска постапка за Проектот: ,,Изградба на комунална инфраструктура-армирано бетонски канал, дел од водовод, атмосферска и фекална канализација за Улици 3 и 4 во УЗ8 блок 1 во Неготино”, општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на проектот ,,Водоснабдување и одведување на отпадни води на Министерството за транспорт и врски кои се  дирекно финансирање преку ЕИБ од општина Неготино подготвена е и поднесена е  апликација за: Проект за  уредување на дел од  инфраструктура во индустриска зона УЗ8-водовод и канализација во тек на 2016 г.Истата е одобрена во Брисел во Европска Инвестициона Банка .Проектирана вредност е 20.840.000,00  МКД , додека крајната вредност на проектот ќе се утврди по спроведување на тендерскaта постапка која е во тек и објавена од страна на МТВ. Предмет на проектот e: Изградба на комунална инфраструктура (АБ канал, краци на улица 3 и 4 на  водовод, атмосферска и фекална канализација во  Урбана Заедница 8 блок 1, ( индустриска област) општина Неготино. Општина Неготино работи на обезбедување на Изјави – Согласност од засегнатите страни за Изведување на градежни работи предвидени со проектот во Урбанистичка  зона УЗ8. По изборот на најповолниот изведувач и конечната вредност ќе се отпочне со градежните работи за што општина Неготино ќе обебеди и надзор за изведбата на истите.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 148