ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
Денеска (вторник 29.05) ќе се одржи седница на Советот на општината PDF Печати

   Претседателот Диме Витанов за денеска (вторник 29.05)  со почеток од 16,00 часот ја свика 12-тата седница на Советот на општина Неготино на која според предвидениот дневен ред за работа општинските советници ќе расправаат по 8 точки. Се очекува советниците да донесат одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во истата, ќе се разгледува предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште во општина Неготино за тековнава година, како и предлог-одлуката за прифаќање на иницијатива за отпочнување постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија). Денеска пред советниците ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на општинскиот Буџет за периодот јануари-март 2018, како и други прашања од делокругот на работењето на Советот на општина Неготино.

 
Во Неготино се одржаа „Манастирските фолкорни средби“ PDF Печати

   Со учество на членови на културно-уметнички друштва од земјава и странство, викендов во Неготино се одржа традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Манастирски фолклорни средби-2018“. Организатор на настанот беше НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, покровител на настанот беше Министерството за култура на РМ, а поддршка даде и општина Неготино. Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов, додека директорката на Центарот за култура Гордана Стојановска на сите учесници им врачи благодарници и пригодни подароци. Годинава на фолклорните средби учествуваа културно-уметничките друштва „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан, Р. Србија, „Севернач“ од Попово Р. Бугарија, „Тиквеш“ –Кавадарци, „Мирка Гинова“  од Демир Капија „Jане Сандански“  од Ново Село, „Илинден“ од Демир Хисар, „Мугри“ од Кочани и КУД „Јане Сандански“ од Неготино. Љубителите на фолклорот од општина Неготино и други гости и посетители во текот на двата дена од одржувањето на настанот имаа убава можност да уживаат во настапот на учесниците на „Манастирските фолклорни средби“.

Повеќе...
 
Одбележан патрониот празник на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ од Неготино PDF Печати

   Со низа пригодни активности и во присуство на голем број гости, вработени и ученици,  денеска беше одбележан 24-ти мај-Денот на сесловенските просветители, односно патрониот празник на Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Одбележувањето на патронатот започна со богата културно-уметничка програма и пригодно обраќање на директорот на оваа образовна установа Драган Василев кој приликата ја искористи да им додели благодарници на претставници на субјекти кои на еден или друг начин дополнително го помагаат непречено одвивање на образовно-воспитниот прцес, а наедно пофалници им беа доделени и на ученици и на нивните професори-ментори кои освоиле награди и признанија на општински, регионални и државни натпреварувања и со тоа придонесле за лична и афирмација на неготинското средно училиште. За ученик на генерацијата беше прогласена Ана Петрова-ученичка од гимназиска насока при СОУ„Св. Кирил и Методиј“-Неготино.

Повеќе...
 
Потпишан договор за грант од амбасадата на Германија во Македонија PDF Печати
  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и директорката на ЈП „Комуналец" Марина Бојаџиева остварија работна посета во амбасадата на Германија во Република Македонија. Целта на работната средба беше потпишување на договор за грант за потребите на локалното комунално претпријатие. Со овој грант Комуналец на располагање ќе добие 1 агрегат за струја, машина за сечење на асфалт и бетон, како и машина за одзатнување на канализационата мрежа. Директорката Бојаџиева и градоначалникот Делков кои го потпишаа договорот потенцираат дека обезбедените машини ќе продонесат за поквалитетно и поефикасно извршување на секојдневните работни обврски на вработените во Комуналец.
Повеќе...
 
Поставена урбана опрема на повеќе локации во општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проектот „Мојот убав град“ инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, деновиве на повеќе локации во градот и дел од населените места беа спроведени зафати за поставување на урбана опрема и оплеменување на околниот простор. Така, урбана опрема и нови реквизити се поставени во паркот на ул„Фемо Кулаков“ лоциран на десната страна од патот кон Тимјаник, а на тој простор извршено е и реновирање на дел од постоечките елементи со нивно враќање во првобитната состојба со создадена можност за нивно користење од месното население. Урбана опрема и реквизити се поставени и во дворот на Оснвното општинско училиште „Гоце Делчев“, со тоа што директорот Петар Мантев најавува реализација и на многу други проекти кои ќе придонесат за разубавување на овој простор. Зафати се изведени и во подрачното училиште во Пепелиште каде што се работеше на санирање на оградата на училишниот двор, а паралелно се реализираат активности и на други локации. Градоначалникот Делков изјави дека активностите од проектот „Мојот убав град“ ќе се одвиваат во континуитет за времетраењето на неговиот мандат.

Повеќе...
 
Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Печати

  По повод 20-ти мај Денот на пожарникарите секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ ги посети и им упати честитки на припадниците на Противпожарната единица во Неготино. „Работата на пожарникарите е исклучително одговорна и ни малку лесна бидејќи вие несебично се изложувате на тешки и опасни ситуации и неретко во опасност ги ставате и вашите животи за да ги заштитите животите на граѓани и нивните имоти. Но, и покрај опасностите, да се биде пожарникар е хумана и пожртвувана работа, а вашата организираност и професионалност се од драгоцена важност при дејствувањето во пожари и други непогодности“-истакна секретарот Златковиќ. Командирот на неготинските пожарникари Иле Илиев додаде дека со максимална одгворност, посветеност и ангажираност ги реализираат поставените задачи во текот на цела година, покажувајќи ја на дело посветеноста кон оваа хумана професија, а се со цел секогаш и во секое време да им се излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби. На денешната свеченост по повод Денот на пожарникарите посета реализираа дечиња од Детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град кои се запознаа со механизацијата и алатите неопходни за интервенција на пожарникарите и како треба да реагираат и на кој број (193) треба да се јават сите кои ќе забележат пожар.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 161