ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
Во Неготино се одржа турнир во одбојка за кадетки PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на дводневните активности по повод 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино во училишната спортска сала на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во нашиот град се одржа турнир во одбојка на кој учествуваа натпреварувачки од категоријата кадетки. Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој им посака успешен настап и остварување на добар пласман на одбојкарките од 4-те екипи од 4 градови кои зедоа учество на празничниот турнир во одбојка. Натпреварувачкиот дел кадетките од екипите-учеснички го искористија на теренот да ги презентираат стекнатите одбојкарски вештини, присутната публика имаше можност да проследи интересни и неизвесни натпревари, а по завршувањето на натпреварувачкиот дел претседателот на Советот Витанов на екипите им додели благодарници за учеството на турнирот.

Повеќе...
 
Во Неготино се одржа турнир во „гол-бал“ PDF Печати

  Традиционално, како и секоја, така и оваа година во рамките на спроведувањето на Програмата за одбележување на празникот на општина Неготино-8-ми Ноември, во спортската сала на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во нашиот град се одржа турнирот во гол-бал на кој учествуваат лица со оштетен вид. Настанот е во организација на општина Неготино и Здружението на слепи лица од Неготино, а учество на турнирот зедоа 4 екипи и тоа од градот домаќин Неготино,од Струмица, Кочани и Кавадарци. Станува збор за специфична и мошне напорна игра во која сите учесници го даваат максимумот за да постигнат подобри резултати. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, учесниците  другаруваа заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој на науспешните екипи им додели дипломи и признанија за учеството на турнирот, им се заблагодари за придонесот во прославата на празникот и им посака учество и на други вакви и слични турнири и остварување на резултати со кои самите учесници ќе се гордеат.

Повеќе...
 
Отворeн осмоноемврискиот турнир во табла “Неготино опeн 2018” PDF Печати

   Како увертира во богатата дводневна осмоноемвриска програма која што општина Неготино ја планира по повод одбележувањето на Денот на градот, вчеравечер беше отворен турнирот во табла – Неготино опен 2018. На истиот учество зедоа околу 50-тина учесници, претежно од помладата генерација, што покажува дека традицијата на оваа древна игра во нашоит град продолжува да се негува. Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино - Диме Витанов, а ќе трае до 8 ноември (четврток) кога ќе бидат доделени наградитете за најдобрите тројца учесници на истиот.

Повеќе...
 
Програма по повод 8-ми Ноември-Денот на ослободување на Неготино PDF Печати

 

Локалната самоуправа и оваа година подготви дводневна програма со која ќе биде одбележан празникот на општина Неготино 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на градот. Активностите ќе се одвиваат на 7-ми и 8-ми ноември (среда и четврток) на повеќе локации, а свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во четврток со почеток од 12,30 часот во кино салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

 
Најдобриот млад научник во РМ Сретен Давидов добитник на наградата 8-ми Ноември PDF Печати

   Неготинецот Сретен Давидов прогласен за најдобар млад научник кој работи во полето на електротехниката е добитник на највисоката општинска награда 8-ми Ноември која се доделува по пово празникот на општина Неготино. Одлуката ја донесоа советниците во Советот на општината, како и одлука за добитниците на признанија 8-ми Ноември. Добитници на признанија се:- постхумно Илија Ѓорѓиев-стопанственик, пратеник во Парламентот на РМ, потпретседател на општинското Собрание и истакнат и успешен спортски работник, Димитар Ѓорѓиев од областа на спортот, д-р Диме Трајковски од областа на здравството, Велика Димова-хуманист и Павлинка Вељановска-од областа на културата. На добитниците, наградата и признанијата ќе им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на свечената седница на Советот на пштината која ќе се одржи во четврток на 8-ми Ноември со почеток од 12,30 часот.

Повеќе...
 
Турнирот во табла “Неготино Опен” ќе биде организиран по десети јубилеен пат PDF Печати

  Во рамките на празнувањето на Денот на градот - 8ми Ноември, Општина Неготино по десети јубилеен пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2018”. Истиот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во кафе барот “Стефани” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир изнесува 15.000 денари. Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (вторник) во 17.00 часот кога ќе биде одиграно и првото коло од истиот.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 173