ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ PDF Печати

   Официјално стартуваше примената на Законот за постапување со бесправно изградените објекти со што е создадена законска можност за отпочнување на процесот на легализација на дивоградбите. За таа цел, во Неготино се одржа јавна презентација на која министерот за транспорт и врски при Владата на РМ Миле Јанакиески изврши претставување на најважните делови од овој закон, истакнувајќи дека барањата за легализација ќе може да се поднесуваат до септември, а сопствениците на индивидуални дивоградби за да добијат легитимен статус за објектот, ќе треба до општината да достават три документи и да платат по едно евро за квадрат.

Повеќе...
 
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, PDF Печати

   Во присуство на сегашни и поранешни вработени во оваа образовна установа, претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот Пане Трајков и други гости, со низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште ,, Страшо Пинџур ,, од Неготино. Претставници на училиштето, на локалната самоуправа и на боречката организација положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на патронот, а потоа за присутните беше организирана богата културно уметничка програма. Во пригодното обраќање, директорката на училиштето Весна Јованова говореше за постигањата во изминатиот едногодишен период помеѓу двата празника , како и за напорите што одговорните ги прават за осовременување на образовниот процес и создавање подобри услови и за наставниците и за учениците при одвивањето на наставата. Одбележувањето на патрониот празник беше искористено на поранешни вработени во училиштето кои се пензионирале да им бидат врачени пригодни подароци, а наедно признанија добија и ученици кои освоиле награди и кои достојно го претставувале своето училиште на  домашни и меѓународни натпреварувања и манифестации.

 

 

Повеќе...
 
АСФАЛТИРАНА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ПЕПЕЛИШТЕ PDF Печати

  Согласно Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино и со средства од општинскиот Буџет се изврши тампонирање и асфалтирање на главната и најпрометна улица во с. Пепеплиште во должина од 780 метри. На овој градежен зафат му предходеше изведување на земјените работи и тампонирање на споменатата улица – активности кои ги изведе градежната оператива на Градба промет со нивна вкупна вредност на чинење од 2.345.000 денари, при што е извршено вградување на околу 800 м3 дробеник, а паралелно изработени се и банкини во должина од 1.500 метри.

Повеќе...
 
Анкетен лист за мапирање на бизнис сектор PDF Печати
   Општина Неготино, во рамките на проектот ,, Мапирање на потенцијални засегнати страни за развој на Вардарски плански регион”, започна со реализирање на активностите предвидени со горенаведениот проект. Проектот опфаќа мапирање на сите потенцијални засегнати страни на територијата на општина Неготино: мапирање на бизнис сектор(институции за подршка на бизнис сектор и приватни/деловни ентитети), мапирање на јавен сектор (политички сегмент, јавни институции/претпријатија, државна/општинска администрација и други релевантни институции вклучувајќи ги и медиумите), и мапирање на граѓански сектор. Истовремено, Ве известуваме дека собраните податоци ќе бидат ставени во функционална веб база на податоци која ќе биде во функција на дневните потреби на развојните регионални центри и општина Неготино. Во функција на собирање на релевантни податоци, во прилог доставуваме Контактен прашалник. Ве молиме истиот,  уредно пополнет да го доставите до општина Неготино или на E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Ви благодариме за соработката.
Анкетен лист
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО НА 7-мо МЕСТО ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА PDF Печати
   Во организација на ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација, со поддршка на Програма спроведувана од Центарот за институционален развој и поддржана од Швајцарската агенција за развој, во изминатиот период беше извршено истражување на транспарентноста на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија. Според критериумите застапени при истражувањето, а според утврдениот степен на транспарентност, локалната самоуправа Неготино се наоѓа на високото 7 – мо место во цела држава од вкупно 84 локални самоуправи.Според организаторите и спроведувачите на анкетата, целта на истражувањето била да се направи анализа на состојбите со транспарентноста и отчетноста на локалните самоуправи, да се изготват препораки за зголемување на нивната транспарентност и да се унапреди соработката со граѓанското општетство – клучни области во развојот на децентрализирана Македонија.
 
ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ ,, СВЕТИ ТРИФУН ,, PDF Печати

   Во присуство на голем број граѓани, на градскиот плоштад во Неготино и годинава, по 11-ти пат, беше организирана прослава во чест на  верскиот празник ,, Свети Трифун,, - заштитникот на лозарите и винарите. Со желби оваа година лозовите насади да дадат богат и квалитетен род, а производителите навреме да си ги добијат чесно заработените пари, обредниот чин на симболично закројување на виновата лоза го изврши заменик – претседателот на Владата на РМ и министер за финансии Зоран Ставревски, а пригодно обраќање пред присутните имаше и домаќинот на прославата – градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Во продолжение од програмата министерот на земјоделство Љупчо Димовски, вицепремиерот Зоран Ставревски и евроамбасадорот Ерван Фуере на најуспешните индивидуални производители на ракија, бели и црвени вина има доделија пригодни награди, а како посебна атракција беше претставувањето и дегустирањето на ,, Најголемата неготинска пита ,, долга 20 метри и широка 40 сантиметри направена во фурната на приватната компанија Јадран, сето тоа пропратено со богата културно – уметничка програма.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 141 од 152