ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ТРЕМНИК PDF Печати

   Во присуство на месното население и претставници од локалната самоуправа, во селото Тремник беше поставен камен-темелник и означен стартот на работите за изградба на ново повеќенаменско игралиште. Обраќајќи им се на присутните градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков истакна дека за комплетна изградба на игралиштето од Буџетот на општината ќе се издвојат средства во висина од 2 милиони денари, додавајќи дека локацијата на која ќе се гради игралиштето ќе биде наменета за контакти на населението, одмор и релаксација, организирање и одржување на културно-забавни манифестации, како и спортски активности. Според оценките на стручните служби, локацијата наедно обезбедува и простор со уреден партер и урбана опрема, простор за одмор и спортско рекреативни намени, како и површини со ниско и високо зеленило.

Повеќе...
 
ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ФИСКУЛТУРНА САЛА PDF Печати

   Близу 1.000 ученици и нивните професори по физичко образование од СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино на располагање добија нова, модерна и најсовремена фискултурна сала која обезбедува идеални услови за одржување на часовите по физичко и за тренинг и на најдобрите спортисти. На пригодната свеченост што по тој повод се одржа, чинот на предавање на салата во употреба го извршија заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, државниот секретар во Министерството за образование Елизабета Тодорова и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. Вицепремиерот Ставрески информираше дека досега вкупно 42 сали се отпочнати со градба, 10 се веќе завршени, а предвидено е до 2013 година сите 145 сали да бидат пуштени во употреба. Инаку, досега во општина Неготино се вложени 64 милиони денари за изградба на спортски сали, од кои 40 за салата во средното училиште и 24 милиони денари за училишната сала во основното училиште Страшо Пинџур.

Повеќе...
 
АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИТЕ ,, КИРО КРСТЕВ ,, И ,, 8-МИ НОЕМВРИ ,, PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежна фирма од Кочани извршија асфалтирање на две исклучително оштетени улици во градот - ,, Киро Крстев ,, и ,, 8-ми Ноември ,, за кои стручните служби оценија дека е потребна итна инервенција. На улицата ,, Киро Крстев ,, се изврши асфалтирање на вкупна површина од 2.600 метри квадратни или на 450 метри должни за што од Буџетот на општината беа издвоени средства во висина од 1.300.000 денари, додека на улицата ,, 8-ми Ноември ,, е асфалтирана вкупна површина од 2.150 метри квадратни или 350 метри должни со цена на чинење од 1 милион денари. Согласно плановите за реализација на програмата за уредување на градежното земјиште за периодот април – јуни оваа година, локалната самоуправа планира асфалтирање и на улиците  4-ти Јули , Даме Груев и дел од улицата Блажо Јанушев.

Повеќе...
 
НОВО ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ И ГРАДСКИ ЗАБАВЕН ПАРК PDF Печати

  Во присуство на заменик-претседателот на Владата на РМ и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и други гости, беше поставен камен-темелник и означен стартот на работите за изградба на ново повеќенаменско игралиште во населбата Саат-кула. Како што истакна директорот Спасов, станува збор за повеќенаменско игралиште кои се гради во рамките на проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 маалски игралишта на територијата на цела држава. Градоначалникот Трајков ја искористи приликата да информира дека во непосредна близина мошне скоро ќе започне изградбата на градски-забавен парк за што од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени средства во висина од 2,5 милиони денари, а  уште еден градски рекреативен парк ќе се гради и на ул ,, Фемо Кулаков ,, за чија изградба ќе бидат потребни 2 милиони денари општински буџетски пари.

Повеќе...
 
НЕГОТИНСКИТЕ МАТУРАНТИ ТАНЦУВАА ,, КВАДРИЛ ,, PDF Печати

   Стотина матуранти од Средното општинско училиште ,, Св. Кирил и Методиј ,, од Неготино втора година по ред преку организирањето и учеството во пладневниот танц кој се одржа на градскиот плоштад, им се приклучија на своите врсници од Македонија и Европа кои по ист повод и во исто време танцуваа на различни локации. Во пригодното обраќање директорката на училиштето Маја Тефова истакна дека со оваа манифестација и со учеството на матурантите во неа се придонесува за воспоставување одлична соработка со сите оние кои во исто време беа вклучени во реализацијата на ,, матурскиот бал ,,. Честитки до матурантите чиј настап беше проследен од голем број граѓани упатија министерката за култура во Владата на РМ Елизабета Канчевска – Милевска и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој изрази надеж дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат образованието на една од високо образовните институции во земјава, што за нив ќе значи ново животно искуство исполнето со желби за усовршување на нивните стручни познавања.

Повеќе...
 
ПРЕЗЕНТИРАНА ПП ОПРЕМА И ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ PDF Печати

   По повод Денот на професионалните и доброволните пожарникари на градскиот плоштад во Неготино во организација на Општинскиот противпожарен сојуз беше извршена презентација на противпожарна опрема и се поделија флаери со информативна содржина. Паралелно, беше отворена и изложба на слики на која со свои дела се претставија ученици од двете основни училишта од Неготино и од училиштето од Д.Капија. Во подготовката и спроведувањето на овие активности се вклучија повеќе правни и физички лица, а обраќање пред присутните имаше и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој ги поздрави активностите на противпожарните служби за превенција, подготвеност и гаснење на пожари. Комисијата составени од познати ликовни уметници од општината изврши избор на најдобрите ликовни творби и притоа додели две награди за трето место и по една награда за освоено второ и прво место.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 144 од 158