Театарска претстава „ ГОЛА ДО ПОЛА“ PDF Печати

  

Во рамките на манифестацијата "Топол културен бран 2010", во организација на Министерството за култура, општина Неготино и Националната установа Центар за култура "Ацо Ѓорчев" од Неготино, во Петок 20 август во  Центарот за култура "Ацо Ѓорчев" гостува преставата "Гола до пола" во изведба на театарот "Крик" од Скопје. Одлична можност за љубителите на театарската уметност да поминат пријатни моменти со оваа урнебесна комедија. Почетокот е во 20 часот.