Aнтички локалитет “Градиште” PDF Печати

   Aнтичкиот локалитет “Градиште” е осебено важен за општина Неготино од повеќе аспекти, односно како од аспект на мошне значајно културно - историско наследство, така и од туристички аспект, како дестинација која се наоѓа во близина градот Неготино и автопатот Скопје - Солун. Истражувачките работи на овој локалитет се започнати во 2008 година со финансиска поддршка на ресорното Министерство за култира и ЛС на Општина Неготино. Според досегашните истражувања, овој локалитет е богат со наоди од антиката, па со одредени пронајдени предмети наведува дека се работи за античкиот град “Антигонеа”, што сеуште со сигурност неможе да се потврди.

Археолошкиот локалитет Градиште во науката за прв пат се споменува во 1924 година во записите на Никола Вулиќ. На самиот локалитет досега се констатирани траги од живот низ целата антика. Неговата важност за науката е е голема токму поради тезата дека овде се наоѓа античкиот град Антигонеа. Поради добиените податоци од Табула Појтингеријана, во кои стои дека античкиот град Стоби е оддалечен од Антигонеа XII римски милји (18 км), дел од врвните македонски, а и светски научници речиси еден век полемизираат околу локацијата на овој антички град, кој е подигнат од страна на претпоследниот македонски крал Филип V, а името го добил по неговиот вујко Антигон.
Археолошкиот локалитет Градиште претставува доминантно доцноримско градиште/кастел. Со досегашните истражувања на овој локалитет се пронајдени голем број на археолошки наоди, претжно од керамика, метал и стакло. Нивниот број се движи од 150-200 археолошки артефакти над кои е извршена неоходната заштита и конзервација. Станува збор за керамички садови од кои поголемиот дел можат да се реконструираат. Теракотни фигури со претстави на кибела, хеленистичка локална и импортирана керамика и кунска керамика, потоа метален накит, орудија и оружје, стаклени предмети и друго. На локалитетот при истражувањата се пронајдени и над 70 монети, кои се конзервирани и заштитени. Еден дел од археолошкиот материјал е конзервиран во Музејот на град Неготино, а еден дел во конзерваторската работилница на Музејот на Македонија.

Со досегашните истражувања ископан е бедем во должина од 150 метри, а со последните сондажни археолошки истражувања е потврдено дека локалитетот претставува населба (акропола), која се наоѓа на вкупна површина од 3 хектари. Населбата е целосно окружена со бедем, констатирана е влезната порта на акрополата, а притоа се дефинирани три временски периоди во делот на населбата и тоа македонски, хелинистички и римски. Исто така, контатирани се архитектонски објекти во делот на предградието, а исто така покрај некрополата во јужниот дел постои и некропола на северозападниот дел. Преку подвиниот археолошки материјал може да се констатире дека најстарите наоди се од VIII век п.н.е., па се до доцно римскиот период, односно 3 век од н.е. Преку истражувањата може да се потврди дека поголемиот дел од керамиката е локална изработка, а еден дел е импортиран од Мегара. Исто така во горните слоеви има големо количество на фрагментирана римска керамика (tera sigilata), од кој еден дел е со локално потекло, а друг дел е импорт.
Локалитетот “Градиште” претставува комплексен археолошки локалитет кој поради сложеноста, допрва треба да се истражува. Со финансиска поддршка на Општина Неготино, Министерството за култура како и странски донации, локалниот стручен тим од Музејот на град Неготино со стручна поддршка на матичната установа Музеј на Македонија ги продолжува работите на локалитетот, кој инаку е од отворен тип, односно е постојано отворен за домашни и странски посетители