Во тек се интервенции за подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда PDF Печати

  Веќе извесен период во зградата на општина Неготино се изведуваат градежни активности како дел од реализацијата на компонентата „Интервенции за енергетска ефикасност во зградата на општина Неготино“. Се врши замена на постоечките прозорци и врати со енергетски афикасни, постоечкото осветлување се менува со ЛЕД светилки, се поставува внатрешна изолација на фасадните sидови и замена на постоечките радијатори со нови и тоа во 15 простории и ходници на локалната самоуправа. Овие активности се во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина“ Енпол-ЕЕ од Програмата за прекугранична соработка со Грција каде општина Неготино е партнер 2 во проектот. Изведувач на работите е градежната компанија „Анол Импекс“ од Скопје и според договорот времетраењето на работите е планирано да трае 3 месеци. Договорната вредност на оваа компонента за подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда е 34.410 евра без ДДВ, додека севкупната вредност на проектот Епол-ЕЕ е 315.979 евра. Овие средства се 85 проценти обезбедени од ЕУ и 15 проценти се национално кофинансирање.