ЛУ Библиотека СТРАШО ПИНЏУР PDF Печати

ЛУ Библиотека СТРАШО ПИНЏУР

 

Библиотеката е отворена секој ден од 08:00ч. до 19:00ч.
Сабота до 13:00ч.

 Тел. 043 361 616/617
Email > Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Адреса:    ул. „Маршал Тито“ бб,  Неготино, Р. Македонија

 

 

Локална библиотека „Страшо Пинџур“ Неготино, е јавна институција од областа на културата - современ јавен сервис кој ги опфаќа сите категории на граѓани од О. Неготино. Библиотеката финкционира со две служби (Стручна и административно помошна) со кои институцијата која постојано се надоградува и ги следи светските развојни трендови и барањата на своите целни групи. Библиотеката покрај основната дејност, реализира многу проекти и настани, како промиции на книги, изложби, литературни натпревари, културни настани како и активности  за развој и поттик на креативноста, уметноста, филантропијата и екологијата со што се истакнува и едукативната компонената - дел од современите библиотечни трендови.

 

 

Во библиотеката се зачленети 1100 членови. Чланарина трае за секој член индивидуално – една година од моментот на зачленување.

Библиотеката нуди и поволности при зачленување како: бесплатни чланарини за ранливи категории на граѓани, фамилијарни чланарини, достава до дома и други поволности.

 

 

 

Библиотеката располага со активен библиотечен фонд од 70.000 публикации и депониран фонд од 2000 публикации.  Библиотечниот фонд се состои од стручна литература, лектири, белетристика, документарна, енциклопедиска, со што се задоволуваат барањата на сите категории на членови.     

   (Локалната библиотека во Неготино е формирана во 1945 година и се до 1953 година делува како самостојна Градска библиотека. Во 1953 година Библиотеката е интегрирана во Работничкиот

   универзитет и во оваа сложена организација останува се до 1969 година, кога се стекнува со статус на самостојна организација за вршење библиотечна дејност.)

    Во дисперзираната читалана, која од 2013 година е сместена во ТИЦ „Желкова Куќа“ библиотеката за своите чиататели нуди на располагање дневен и неделен печат, како и стручна литаратура од сите области.


Библиотеката зема активно учество и во државни активности од областа на библиотекарството, меѓународни конференции и проекти.

Библиотеката според годишната програма за работа и стратегијата, реализира сопствени проекти како: Избор на Најчитатели, Еко амбасадори, Најмали креативци, Недовршена приказна  и многу други проекти кои библиотеката ја прават активна и блиска како до најмалите читатели така и да најстарите.