КОНЦЕРТ НА ДРАГАН ДАУТОВСКИ КВАРТЕТ PDF Печати
     Во рамките на четвртото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, на 29 јули со почеток од 21.00 часот на градскиот плоштад во Неготино концерт ќе одржи Драган Даутовски квартет. Општина Неготино ќе биде една од дваесетте општини во државата во која што ќе се одржи оваа манифестација. Како дел од истата, на 31 август со почеток од 20.30 часот, љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да проследат уште еден одличен настан, односно театарската претстава “Генерална проба за самоубиство” во изведба на велешкиот народен театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот”.