Важно соопштение PDF Print
There are no translations available.

 Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од среда (08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ.

Право на вадење на дозвола имаат лица кои се регистрирани и се занимаваат со:
- Сточарство
- Пчеларство
- Оранжерии
- Лозарство(услов: да се регистрирани земјоделци, или да имаат над 2️ха површина под лозов насад).

Правните лица, своите дозволи треба да ги вадат преку Стопанската комора.