ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,WA-MBRELLA,, PDF Печати
   Се продолжува со  градежните активности за  изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем во Неготино во должина од околу 2000м.Вредноста на договорот изнесува 207.967евра.Согласно договорот работите би требало да завршат до крајот на месец Јули годинава, но поради новонастанатата ситуација со COVID 19 и ограничениот режим на работа и движење можни се евентуални потреби за продолжување на роковите утврдени со договорт. Изградбата на овој колектор е во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина со акроним wa-mbrella “ и истиот е финансиран со средства обезбедени од  првиот повик од INTERREG програмата за прекугранична соработка Грција-Република Северна Македонија 2014-2020.Општина Неготино е проектен корисник 2,додека ЈП,,Комуналец,,Неготино е проектен корисник 4 во истиот проект.