ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!! PDF Print
There are no translations available.

Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  утре(сабота) 23.05.2020година во периодот од 11.00 до 16.00 часот  со доставување на потребни податоци по телефон ,со дирекно јавување или на смс порака.
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
078 822 292
078 484 970

НАПОМЕНА:Сите  претходно  евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА  да се јавуваат дополнително за деновите недела (24.05.2020) и понеделник(25.05.2020)
 Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  од 05.00 наутро  до 20.00 часот навечер во деновите( недела и понеделник)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.
Граѓаните  при движењето со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!