СЕ ЗБРАТИМИЈА ОПШТИНИТЕ НЕГОТИНО И МИНЕРВИНО ДИ ЛЕЧЕ PDF Печати

   Домаќин на четвртиот и последен настан од проектот ,, Креирање мрежа за европска винска традиција, култура и експертиза ,, беше општина Минервино ди Лече - Италија каде што главни теми за реализација беа организирањето на форум на тема ,, Европски вински патишта ,, прослава на Денот на Европската унија, организирање на мал саем на домашно вино од сите учесници на настанот, а во рамките на саемот се организираше натпревар во бели и црвени вина на индивидуални производители, претставување на типични производи на храна од учесниците, како и организирање други активности. Централен настан беше потпишувањето на договорот за збратимување помеѓу општина Неготино и општина Минервино ди Лече, а чинот на потпишување и официјализирање на договорот го реализираа градоначалниците Пане Трајков и Еторе Каропо. Делегацијата од општина Неготино ја сочинуваа претставници од општинската администрација, од Советот на општината, претставници од бизнис-секторот винарии, ресторани, производители на храна, претставници од јавни установи, како и од Здруженија на граѓани. Општинската делегација обезбеди и во Италија понесе и обемен пропаганден материјал, мостри од вино и храна, како и други промотивни материјали кои има беа поделени на останатите учесници на настанот.