Традиционален турнир во улична кошарка “Street Ball 2012” PDF Печати

 Со цел за поттикнување на граѓаните на општината за нивно активно учество во спортски активности и рекреација, како дел од програмата за јавни дејности, општина Неготино и оваа година на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2012”. На турнирот ќе земат учество екипи од Неготино, Кавадарци, Велес и други општини, кои ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка конкуренција до 18 години, машка конкуренција над 18 години и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот.
Турнирот кој ќе трае 3 дена – 21, 22 и 23 август (вторник, среда и четврток), започнува со свеченото отварање на 21 август (вторник) со почеток од 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на истиот - градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков.
Пријавувањето на екипите се врши на телефоните 071/261-341, 076/960-606 и 077/679-559, најоцна до 21 август до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди вредни награди.