ВО НЕГОТИНО ДОДЕЛЕНИ 10 РЕШЕНИЈА ЗА ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков денеска додели 10 решенија за трајно вработување на 10 наставници од образовните институции кои функционираат на подрачјето на општината. Така, 6 решенија им беа доделени на наставници од Средното општинско училиште Свети Кирил и Методиј, 3 на наставници од Основното општинско училиште Гоце Делчев и 1 решение на наставник од Основното општинско училиште Страшо Пинџур. Градоначалникот Трајков на сите кои се стекнаа со статус редовно вработени им посака многу успех во понатамошната работа, изразувајќи надеж дека денешниот чин овие наставници уште повеќе ќе ги стимулира за поквалитетно извршување на редовните работни обврски.