Центар за култура-Програма PDF Печати

 Националната Установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино во својата Програма за 2010 година има планирано голем број културни настани и манифестации, преку кои како носител на култуниот живот во општината го збогатува истиот и врши културна анимација на љубителите на културните настани и воопшто граѓаните на Општина Неготино.
Во продожение е даден приказ на предвидените активности на НУЦК “Ацо Ѓорчев” по месеци за тековната 2010 година.

Месец Jануари:

    Активности
-    Концерт на КУД „Јане Сандански“ при НУЦК „Ацо Ѓорчев“ Неготино и пеачката група „Лира“  по повод Новогодишните и Божиќните празници.
-    Театарска претстава „Рулет со осум бројки“
-    Концерт на старогратски народни песни со пеачката група „Лира“ а по повод празникот Василица.
-    Македонски културен хиперлинк со познатиот режисер „Аљоша Симјановски“ и изведба на познати македонски народни песни во џез стил и со композиции од најпознатите балади на групата „The Beatles“ и проекција на документарниот филм CHILD.
-    Гостување на КУД „Јане Сандански“ во Владичин Хан Р. Србија.

Месец  февруари:
Активности:
-    Концерт на класична гитара во изведба на Миле Каровски од Кавадарци со дела од Скарлати, Бах, Агуадо, Манхон, Вила – Лобос и Тедеско.
-    Свети Трифун – Концерт на тамбурашки оркестар КУД „Добреч“ од Черномељ -Словенија, КУД „Јане Сандански“- Неготино, „Керамичар“-Велес, „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан –Србија,Стеван Мокрањац од Неготин Краина- Србија и „Плетенка“- Битола
-    Театарска претстава- „Рулет со осум бројки“
-    Гостување на аматерскиот театар при НУЦК „Ацо Ѓорчев“Неготино со претставата „Рулет со осум бројки“ во Демир Капија.


Месец  март:
Активности:
-    Ликовна изложба - масло на платно на Велика Глигорова, по повод 8ми Mарт - Денот на жената
-    Поетско- музичко- сценска Манифестација 8 ми март Ден на жената
-    Концерт на КУД „Јане Сандански“по повод празникот 8ми март
-    Меморијален концерт на КУД „Јане Сандански“ а во чест на Ерол Мустафов долгогодишен член и претседател на оваа друштво
-    Гостување на аматерскиот театар Неготино со претставата „Рулет со осум бројки“ во Македонски Брод
-    Квиз Црвено, жолто, зелено од областа на сообраќајот со учество на ученици од основните училишта од Неготино, Демир Капија, Градско, и Росоман.

Месец  април:
Активности:
-    Маскенбал- „Априлили“ по повод денот на шегата а со учество на двете основни училишта и детската градинка од Неготино
-    Изложба на предмети од етнолошкото и културното богатство од нашиот регион насловена како „Амбиент на македонска селска куќа“
-    Музичко сценска манифестација во која ќе доминираат фолклорот и македонските народни песни и преку игра на членовите на аматерскиот театар ќе бидат прикажани повеќе велигденски обичаи
-    Самостојна изложба на ликовниот уметник Емилија Лазаревска-преземање на слики од НТМ

Месец  мај:
Активности:
-    Гостување на аматерскиот театар „Мирка Гинова“ од Демир Капија
-    Концерт на КУД „Јане Сандански“ во манастирот „Свети ЃорЃи“ по повод христијанскиот празник „Ѓурѓовден“
-    Настап на пеачката група „Лира“ на фестивалот „Под кулите на Струмица“ во Струмица со репертоар  на старогратски песни и серенади
-    Учество на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Долнени со пеачката група „Лира“
-    Музичко – сценска манифестација по повод празникот „Св.Кирил и Методиј“

Месец јуни:
Активности:
-    Ден на културата - со учество на КУД „Јане Сандански“, клубот за модерен балет „Ла Пиовра“ пеачката група „Лира“ литературниот клуб и  аматерскиот театар „Ацо Ѓорчев“ Неготино.
-    Изложба на скулптури на Зоран Јаневски
-    Учество на традиционалната детска ликовна колонија во Кратово
-    Гостување на КУД „Јане Сандански“ во Велес на манифестацијата „Велесфест“

Месец  јули:
Активности:
-    „Топол културен бран“ и  „Неготинско културно лето“ со бројна културно уметничка програма тетарски претстави, изложби, концерти.

Месец  август:
Активности:
-    „Илинден 1903-2010“ богата културно уметничка програма со учество  на КУД „Јане Сандански“ Неготино и неколку културно уметнички друштва од  државата.
-    „Топол културен бран“ и  „Неготинско културно лето“  со културна програма

Месец  септември:
Активности:
-    Затварање на  „Неготинско културно лето“ и  „Топол културен бран“ со  наша музичко сценска програма.
-    „Манастирски фолклорни средби“- на платото во Манастирот „СВ.Ѓорѓи“  во чест на празникот „Мала Богородица“ со учество на повеќе ансамбли од  држата.

Месец  октомври:
Активности:
-    Аудиција за традиционалната манифестација „Најдобар Глас 2010“
-    Изложба на слики на уметникот Дафинка Балабанова Алексова
-    По повод државниот празник „23 Октомври“ Музичко–сценска манифестација со учество на членовите на литературниот клуб при НУ Центар за култура  проследен со  настап на КУД „Јане Сандански“ со изведба на комитското оро и проекција на македонскиот игран филм „Мис Стоун“.

Месец  ноември:
Активности:
-    Проби  за традиционалната манифестација „Најдобар Глас 2010“
-    Концерт на сериозна музика со солистички настап  на познати изведувачи на класичната музика по повод празникот „8-ми Ноември“ ден на ослободувањето на Неготино, а во соработка со Локалната Самоуправа.
-    Ликовна изложба –превземање на слики од НГ на уметникот Јован Петров.

Месец  декември:
Активности:
-    Традиционална манифестација  „Најдобар Глас 2010“
-     Завршен  концерт на КУД „Јане Сандански“
-    Завршен концерт на музичкото училиште „Владимир Арсовски“
-    Предновогодишна  приредба за деца