| Проект ,, Мрежа за култура, спорт и туризам” во Бугарија |
|
|
|
Дејноста вклучуваше: 1. Посета на Копанскиот архитектурно –етнографски комплекс во с. Садина. Концерти во населеното место на општината. 2. Спортски игри и прошетка низ градот Попово. Фестивал на збратимени и пријателски градови ,, Заедно за Европа” во Попово. 3. Посета на историскиот музеј на град Попово, Посета на туристичките објекти на општина Попово, Официјално потпишување на Договорот за партнерство на проектот. 4. Концерт по повод Празникот на град Попово- 10 Јуни; Во настанот беа вклучени исполнители и состави од повијатот Трзбеница, Kампулунг, Берово, Неготино, Две Могили и Попово. Реализирањето на настанот придонесе за воспоставување на нови и развој на суштествени контакти и развој во сферата на културата и за зголемување на сознанието на граѓаните за влијанието на политиките на ЕУ во општеството.
|





Од 7 до 11 јуни во општина Попово беше реализирана втората фаза од Проектот ,, Мрежа за култура, спорт и туризам”, финансиран по програмата ,,Европа за граѓаните” 2007-2013, мерка 1.2 Мрежа на збратимени градови .
