Соопштенија


Вонредна седница на Советот на општина Неготино 15.11.2019 година PDF Print
There are no translations available.


                                      Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на четвртата    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 15.11.2019 година ( петок) во 11.00  часот.
За седницата го предлагам следниот


                                           Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог – Одлука за проширување и пренамена на средства од блок дотации - 2019 година   

2.    Предлог – Решение за давање согласност на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2019 година на општина Неготино со бр. 09-292/4 од 14.11.2019 година

3.    Предлог- Решение за за утврдување на предлог за 1 (еден) член во Управниот одбор на ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 01.11.2019 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член  40  став  1 од Законот за локалната самоуправа  (,, Сл.весник на РМ.бр.5/02), член 77 од Статутот на Општина Неготино (,, Сл.гласник на Општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11 и 16/12)   и член 58  од Деловникот  на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино“бр.3/06 и 2/11), Председателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
         

                                  Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на третата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 01.11.2019 година ( петок) во 18.45  часот.
За седницата го предлагам следниот


                                   Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог – Одлука за доделување на награда 8-ми Ноември.  

2.    Предлог – Одлука за доделување на признанија  8-ми Ноември

 
Седница на Совет на општина Неготино 30.10.2019 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02 ), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесет и прватта        редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на  општина Неготино на ден 30.10.2019 година   (среда) во  14 ,30 часот.
За седницата го предлагам следниот

                                                       Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП Комуналец Неготино
2.    Предлог- Одлука за издавање гаранција за задолжување на ЈП Комуналец за кредитно долгорочно задолжување пред деловна банка за финансирање на проект ,, Заштита на водните ресурси со намалување  на човековото влијание врз животната средина- набавка на возило систем CHANNEL – JET  за отпушување на канализациони системи и јамиза ,,
3.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков,, Неготино за учебната 2018-2019 година
4.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков,, Неготино за учебната 2019-2020 година
5.    Предлог- Одлука за формирање на Локален совет за превенција на општина Неготино  
6.    Предлог-  Одлука  за давање согласност на Договор за соработка за организација на настани по повод 8 ми Ноември , помеѓу општина Неготино и Здружението за унапредување на спортски и културни манифестации СПО- КУЛ Неготино
7.    Предлог-  Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
8.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година
9.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година
10.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на образованието за 2019 година
11.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2019 година
12.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2019 година
13.    Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година ( ребаланс)
 
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), општина Неготино распишува:

                                                    ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива  за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 став 1 точка 2 алинеа 2,3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (,,Сл. Весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16,  163/16, 64/18 и 168/18).
Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма.
Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички  план, со дефинирани граници на опфат согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (,,Сл. Весник на Р.М” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).
Изработката на урбанистичките планови може да биде финансирана од страна на подносителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае од 18.10.2019 година до 01.12.2019 година.
 
Поради дефект, денеска (среда 16.10) ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

  Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информираат потрошувачите од Неготино дека поради настанат дефект на главниот цевковод Ф 315 кон нашиот град, денеска (среда 16.10) од 10,00 часот па натаму ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на „Комуналец“ се присутни на терен и работат на санирање на дефектот, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 1 of 42