Соопштенија


СООПШТЕНИЕ PDF Печати
   ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО СОГЛАСНО СО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОПШТИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ДДД ЗА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА 2019ГОДИНА, ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ВО ТЕКОТ НА  УТРЕШНИОТ ДЕН 10 ЈУЛИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА КРИТИЧНИ ТОЧКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ СО МАШИНСКО РАСПРСКУВАЊЕ СО ПРЕПАРАТОТ АКВА-КОТРИН ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ЗОТОКС ДООЕЛ Скопје  ПОД НАДЗОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД ВЕЛЕС. СО ПРСКАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 4 ЛОКАЦИИ И ТОА - КЕЈОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА, БРЕСТИН ДОЛ, МАРЕНСКИ ПОРОЈ И ПОТЕГОТ ОД КРИВОЛАК ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА И СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. 
СЕ ИНФОРМИРААТ ГРАЃАНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ ОДГЛЕДУВААТ ПЧЕЛИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                                                          С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот -  Измена на ДУП за една градежна парцела ГП бр. 4 (КП 10165/1) Урбаназаедница 4 Урбан блок 4.2 КО Неготино,
општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на север ул.„Маршал Тито“,  на исток граница на КП број 10161/2, 10161/1,10166, 10167 и дел од 10170, на југ е граница на КП број 10171 и крак на улица "ЈНА“  и на запад граница на КП број 10164.
Опфатот е со површина  од  1427 м2.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  Измена на ДУП за една градежна парцела ГП бр. 4 (КП 10165/1) Урбана заедница 4 Урбан блок 4.2 КО Неготино, општина Неготино,  со технички број  04-274/2019 од  јуни 2019 година, изработен од ,,ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  08.07.2019 година  до 19.07.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.07.2019 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

Синтезен план

 
Во среда и четврток (03 и 04 јули) ќе нема вода за полевање на дворните површини PDF Печати

   Се известуваат граѓаните дека поради итно и неодложно интервентно чистење на каналската мрежа од алги од страната на Водостопанство „Тиквеш“ во деновите среда и четврток (03 и 04 јули) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини. Реедовното снабдување ќе продолжи од петок (05 јули) а дотогаш се апелира до граѓаните за рационално трошење на водата за пиење.                            

 

 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 21.06.2019 година PDF Печати
Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е  За свикување на втората  вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 21.06.2019 година ( петок) во 12 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                       Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за систематизација на работни места на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
2. Предлог- Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
3. Предлог- Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино
4. Предлог-  Одлука  за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино за 2019 година 
5. Предлог- Одлука за прекин на повлекување на средствата во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП)
6. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање за доспеани и неплатени обврски за општина Неготино  
7. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УБ 9.1,,Индустриска Зона,, општина Неготино
8. Предлог-Одлука за превземање на обврска за надоместување на вишоци,кусоци, непредвидени работи и исплата на ДДВ за проект ,,Изградба на дел од патниот правец с.Горни Дисан – Вешје 

 
Во недела (09.06) од 13,00ч. во центарот на Неготино ќе има изменет режим на сообраќај PDF Печати

  Општина Неготино ги информира граѓаните од општината дека во недела на 9-ти јуни поради одржувањето на манифестацијата „Negotino off festival 2019“ во центарот на градот со почеток од 13,00 часот па се до завршувањето на настанот ќе има изменет режим на сообраќај. Имено, во споменатиот период ќе важи забрана за движење на возила на потегот од семафорите до раскрсницата со ул„Гоце Делчев“ пред зградата на општина Неготино, како и паркирање на возила на овој потег. Се замолуваат моторизираните граѓани во недела од 13,00 часот, но и пред тоа, да не ги паркираат своите возила на овој потег и да овозможат слобода и комодитет во движењето на пешаците, односно на многубројните посетители од нашата и други општини кои се очекува да присуствуваат на фестивалот чие одржување ќе кулминира со настапот на балканската музичка sвезда Саша Ковачевиќ.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 36