Соопштенија
Седница на Совет на општина Неготино 28.12.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14, 13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    четериесет и четврттата     редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на Домот на културата „ Ацо Ѓорчев“   Неготино на ден 28.12.2020 година   (понеделник) во  09,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот



Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог- Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2021 година
2.    Предлог-  Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2021 година
3.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2021 година  
4.    Предлог- Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во  2021 година
5.    Предлог –  Програма за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2021 година во општина Неготино
6.    Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2021 година
7.    Предлог- Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2021 година
8.    Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
9.    Предлог- Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2021 година  
10.    Предлог- Буџет на општина Неготино за 2021 година
11.    Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготина за 2021 година
12.    Предлог – Буџетски календар за 2021 година
13.    Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година
14.    Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот  за потрошени средства од тековната и постојната резерва од Буџетот на општина Неготино за справување со кризата предизвикана со вирусот COVID  19
15.    Предлог – Одлука за донесување на детален урбанистички план за УЗ 4, за дел од блок 2, општина Неготино
16.    Предлог – Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог регионален проект- „Инсталирање на мерни станици за СМАРТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО за општините Кавадарци, Неготино , Росоман и Демир Капија
17.    Предлог- Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
18.    Предлог – Решение за давање согласност за расходување и движни ствари кои се застарени , неупотребливи и безвредни , сопственост на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
 
СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

  За организирање на  Јавна расправа по Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  
Се повикуваат сите заинтерeсирани граѓани и други заинтересирани субјекти, како и претставниците на јавните претпријатија, во Општина Неготино да се вклучат во јавна расправа со свои ставови и мислења за Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект  за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  за реконструкција на ул„Вељко Влаховиќ“, ул. „Енгелсова“ ул. „Пиринска“ ул. „Првомајска“ ул. „Тиквешка“ ул. „Вардарска“ ул. „Ѓоко Мишев“ ул. „Вано Ташев“ и дел од ул. „Марксова“   Усната јавна расправа ќе се одржи на ден 29 декември 2020 година со почеток во 10.00 часот во Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино.  
Поради протоколите за заштита од КОВИД 19, се задолжуваат сите присутни лица задолжително да носат заштитна маска, да оддржуваат социјална дистанца од 2 метри и да вршат честа дезинфекција на раце, за време на оддржување на јавната расправа.  
Капацитетот на посетителите е ограничен согласно просторните услови, како и протоколите и мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19. 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог план-ДУП за Урбана заедница 5 дел од блок 18 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог план-ДУП за Урбана заедница 5 дел од блок 18 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по оската на улиците "Ацо Аџи Илов", на исток по осовината на улица „Коста Волкановски“ („Марксова“), на југ по оска на улица „Владо Арсов Шпанац“ и на западната страна по осовината на улица "Пешо Самарџиев".
Опфатот е со површина  од  1,67 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот - ДУП за Урбана заедница 5 дел од блок 18 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино со технички број  04-121/2020 од  декември, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  22.12.2020 година  до 28.12.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.12.2020 година  во  15:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP za UZ 5.18

 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог- ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог- ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по осовината на улица " Едвард Кардељ", на исток по осовината на улица „Енгелсова”, на југ по граница на катастарски парцели КП 9628/4 , КП 9615/21 и КП9615/20 и на запад е осовината на Обиколницата.

Опфатот е со површина  од  1,10 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“,„Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино со технички број  04-53/2020 од  декември, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  22.12.2020 година  до 28.12.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.12.2020 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP za UZ3 del od blok 3.11

 

 
Вонредната седница на Совет на општина Неготино 18.12.2020 година PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                               Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  шеснаесеттата  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 18.12.2020 година ( петок ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

                               Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино
2.    Предлог- Решение за формирање Совет за социјална заштита за подрачјето на општина Неготино
3.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
4.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош


        Бр.08-636/1                                          Совет на општина Неготино
    15.12.2020 година                                          П р е т с е д а т е л,
                                                                             Диме Витанов



    
 
О Д Л У К А За избор на кандидат за вработување на административен службеник по пат на јавен оглас PDF Print
There are no translations available.

О Д Л У К А
За избор на кандидат за вработување на административен службеник по пат на јавен оглас 
 
До 31 декември ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 31 декември 2020 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 25.11.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                                      Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на петнаесетaтта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 26.11.2020 година ( четврток ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

                                        Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за користење на средства од постојаната и тековна резерва од Буџетот на општина Неготино  

2.    Предлог – Одлука за доделување финансиски средства
 
Известување од ЈП „ Комуналец “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

Ги известуваме сите граѓани кои живеат на улиците : „ЈНА“, „Марксова “ „25 Мај “, „ Кирил и Методиј“,„ Борис Кидриќ “, „ Пиринска “, „ Вардарска “, „ Ѓоко Мишев “ ,  „  Вано Ташев “, „ Вељко Влаховиќ “, „ Едвард Кардељ“ , „ Илинденска “ и дел од „ Ќиро Крстев “ дека поради дефект на улична водоводна линија денес 23.11.2020 (понеделник) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето се до санирање на дефектот.
Молиме на разбирање !!!
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

 Се известуваат потрошувачите од улииците:„ЈНА“, „Марксова„ „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, Пиринска“, Вардарска“„Ѓоко Мишев“ „Вано Ташев“„Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“ „Илинденска“дел од „Ќиро Крстев“ дека поради дефект на улична водоводна линија на ул.„Пиринска“ денес 11.11.2020 (среда) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09ч. до санирање на дефектот
Молиме за разбирање

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
11.11.2020г.
 
Седница на Совет на општина Неготино 11.11.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11,  9/11,  16/12  16/14,13/20)     и член 57 став1 од Деловникот на општина Неготино(,,Сл.гласник  на Општина  Неготино “бр.3/06 и2/11), Претседателот  на  Советот  на Општина Неготино ја свикува четериесет и вторатта редовна седница на Советотна општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден11.11.2020година (среда ) во 12.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација

2.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020година

3.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2020година

4.Предлог-Програма  за  изменување  и  дополнување  на  Програмата  за  локален економски развој на општина Неготино за 2020година

5.   Предлог-Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготиноза 2020 година 

6.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2020година ( ребаланс)

7.Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај на општина Неготино за периодот 01.07.2020-30.09.2020 година

8.Предлог –Решние за доделување на еднократна парична помош

9.Предлог-Одлука за доделување на финансиски средства

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 1 of 25