Соопштенија
Јавен повик за свикување на Локален Младински Совет PDF Печати

Почитувани,
Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов како советник во општината, по состанокот на Локалното собрание на млади одржан на ден 14.05.2022 година  донесена е одлука за распишување на јавен повик за свикување на Локален младински совет.

Се повикуваат сите младински здруженија кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите предвидени со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, да се пријават на e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и ќе делегираат по 1 (еден) делегат од организација во Локалниот младински совет.

Пријавувањето трае најдоцна до 30ти мај, а изборот на членови во Локалниот младински совет ќе се одржи на 4ти Јуни во 16.00 часот во салата на Општина Неготино.

Собранието на млади објавува јавен повик за членови за локалниот младински совет. Јавниот повик се објавува на веб - страницата на општина Неготино.

Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

За избрани членови на локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

Локалното собрание на млади избира членови на Локалниот младински совет по објавен јавен повик од страна на истото собрание.

Бројот на членови во Локалниот младински совет на општина Неготино изнесува 5 (пет).

О Д Л У К А

 
Соопштение до јавноста од страна на општина Неготино PDF Печати
Почитувани,
Во согласност со член 16 и 17 од Законот за младинско учество и младински политики, како и во согласност со одлуката донесена на Советот на Општина Неготино на ден 15.03.2022 година, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, како советник во општината, донесена е статутарна измена за формирање на Локален младински совет.
Според процедурата согласно со Законот за младинско учество и младински политики, најпрво ќе се формира иницијативен одбор за свикување на истиот.
Се повикуваат сите младински здруженија, во согласност со член 17 став 4 од Законот, кои се заинтересирани, без претходно пријавување, да земат учество на овој иницијативен одбор за формирање на локален младински совет, каде што ќе се констатираат понатамошните чекори за крајната цел.

Иницијативниот одбор ќе се одржи на ден 28.04.2022 година, во салата на Општина Неготино во 16.30 часот.

Со почит,
Општина Неготино
 
 
До 30-ти овој месец на АП Криволак ќе се реализира обука и гаѓања PDF Печати
Со цел за информирање на јавноста, а заради безбедно извршување на планираните обука и гаѓања на Армискиот полигон Криволак кои ќе се изведуваат во периодот до 30-ти април, им се соопштува на месното население од општините кои гравитираат околу воениот полигон дека во повеќе реони на истиот ќе се извршува обука и гаѓања. Токму затоа, потенцираат од Командата на полигонот, во споменатиот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока на овој потег, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или убојни средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е населението истите да ги одбележат и да се известат надлежните органи од АП Криволак или Полициската станица-Неготино. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, како и обезбедени со физичко обезбедување. 
 
О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на интерен оглас PDF Печати
О Д Л У К А  За избор на административен службеник по пат на интерен оглас
 
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2022 за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2022
за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино

     Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Советник за управување со човечки ресурси
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Одделение за управување со човечки ресурси
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : УПР 01 01 В01 000
НИВО: В1

ОПШТИ УСЛОВИ :
-    да е државјанин на Република Македонија,   
-    активно да го користи македонскиот јазик,
-    да е полнолетен,
-    да има општа здравствена способност за работното место ,
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
-    решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
-    учење и развој;
-    комуникација;
-    остварување резултати;
-    работење со други/тимска работа;
-    стратешка свест;
-    ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
-    финансиско управување.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
-за нивото В1-ниво на квалификација VIA според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правни науки или Политички науки
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-работно искуство и тоа за нивото - В1-најмалку 3(три) години работно искуство по дипломирањето;
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,француски, германски).

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
    -Работни денови: од Понеделник до Петок
    -Работни часови неделно: 40 часа
- Работно  време: од 08:00 часот до 16:00 часот
- Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за називот на работното место изнесува: 26.000,оо денари.

    На интерниот оглас може за да се јави административен службеник вработен во општинската администрација во општина Неготино, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:
-    да е оценет со  оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето  во 2021 година,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година прeд објавување на интерниот оглас.

    Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
-потврди за успешно реализирани обуки или
-потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

    Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава  објавена во прилог на интерниот оглас.
    Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
    Рокот за пријавување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на институцијата.
    Условите наведени во  огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во  моментот на  пријавувањето.
    Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:
 Фаза 1  -  административна селекција се спроведува  најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
 Фаза 2  - интервју се спроведува  во рок од 5 (пет) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција

НАПОМЕНА: Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ПРИЈАВА

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2022


 

 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Печати

Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2022 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино


1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да ја поднесат следната документација:
    - Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт;
    - Годишна програма за работа на клубот/сојузот, со финансиска конструкција;
     - Пополнет апликативен формулар за доделување на средства/Образец, објавен на интернет страната на Општина Неготино;
    - Записник од одржано годишно собрание на клубот за 2021 година.
Некомплетните и ненавремено доставените пријави нема да бидат земени во предвид.

Пријавите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино или во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината, на подолу наведената електонска пошта.

Образецот (Пријава) во електронска форма можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници, потребната документација треба да ја достават по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино, со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино, кај лицето Даниел Јакимов.
Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации претставниците на заинтересираните клубови /сојузи  можат да се обратат кај одговорното лице за спорт во општината, на тел. 072/320-842 или на е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.

О  Б  Р  А  З  Е  Ц за користење на средства од Буџетот на Општина Неготино во 2022 година
 

 

 
Соопштение PDF Печати

   Општина Неготино ги информира сите заинтересирани правни и физички лица дека во четврток на 17.02.2022 година во салата за состаноци на општината со почеток од 18,00 часот ќе се одржи Јавна расправа за УЗ 8. На расправата ќе присуствуваат градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, советници во општинскиот Совет и дел од администрацијата. На настанот можат да присуствуваат сите заинтересирани со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19.

 
Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ - жени претприемачи во проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)" финансиран од Европската Унија PDF Печати

Инструкции за апликанти

1.    Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ), со седиште на ул. Гиго Михајловски бр. 4/1/1 од Скопје, (Нарачател), која е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени,  Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР  и Сојуз на стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи

Цел на проектот:
Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа
 
Специфични цели:
Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
Придонес кон видливоста и опфатот на платформата

2.    Предмет на јавниот повик  
Прибирање на апликации за ангажирање на млади „Амбасадорки“ – жени претприемачи, преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го  промовираат и поттикнуваат иновативниот претприемачки  капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво

 

Повеќе...
 
Ј А В Е Н П О В И К за формирање на Совет за превенција на детско престапништво PDF Печати
 Врз основа на член 158 од Законот за правда за децата („ Службен весник на Република Македонија“ број 148/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 152/19 и 275/19), Градоначалникот на Општина Неготино објавува

                                        Ј А В Е Н    П О В И К
за формирање на Совет за превенција на детско престапништво

 Се повикуваат Министерството за внатрешни работи – ОВР Неготино, Министерството за труд и социјална политика – МЦСР Неготино, советот на родители на основните училшта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ Неготино и советот на СОУ „ СВ. Кирил и Методиј “ Неготино , Унијата на средношколци,  Адвокатската заедница на Општина Неготино, здруженијата и фондациите на територијата на општина Неготино кои работат на проблематика со детско престапништво, ОЈО Кавадарци , Основен суд – Неготино , да номинираат лице за член во Советот за превенција на детско престапништво.

 Номинацијата на лицето со кратка биографија да биде доставена во рок од 8 дена од денот на објавувањето на јавниот повик ( 10.02.2022 година ) на официјалниот емаил на општината Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , преку архивата на општина Неготино или по пошта на адреса улица „ Ацо Аџи Илов “ бр.2 Неготино.

 
 
Јавна расправа за отворање нови работни места преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси во општина Неготино PDF Печати

   Се известува јавноста од нашата општина дека на ден 09.02.2022 година (среда) со почеток од 18,30 часот во салата за состаноци на општина Неготино ќе се одржи јавна трибина на која ќе се расправа по проектот „Стимулација за инвеститори“. Имено, општина Неготино започна постапка за донесување Правилник со кој ќе се утврдуваат мерките и критериумите за стимулација на инвестиции, односно изградба на нови и проширување на постоечките стопанско-индустриски капацитети. Основната цел на проектот „Стимулации за инвеститори“ е отворање на нови работни места во општина Неготино преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси.

ПРАВИЛНИК

 
Во чест на Свети Трифун ќе се избираат најдобри вина и ракии од индивидуални производители PDF Печати
   Во чест на верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на на лозјата, општина Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози, а општина Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди. Се информираат сите заинтересирани производители на вина и ракии дека мострите од бели и црвени вина и ракии од реколтата 2021 година во два примероци можат да ги доставуваат секој работен ден од 08 до 15 часот до четврток 10.02.2022 година кај лицето Дени Трајков на трети спрат во зградата на општината, а поблиски информации можат да добијат и на тел,број 078-822-292.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 32