Соопштенија
Седница на Совет на општина Неготино 15.07.2021 година PDF Печати

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :


Р Е Ш Е Н И Е За свикување на дваесет и петата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.07.2021 година ( четврток ) во 12 часот . За седницата го предлагам
следниот :


Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1. Предлог- Одлука за приоритетна инвестиција за под-проектот ул.„ЈНА“ Општина Неготино
2. Предлог- Решение за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2021 година на ОУ Музеј на град Неготино
3. Предлог- Решение за давање согласност за расходување на движни ствари - учебници кои се застарени, неупотребливи и безвредни сопственост на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
4. Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ООМУ „Владимир Арсовски“ Неготино за 2020/2021 година
5. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства
6. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош 

 
Ј А В Е Н К О Н К У Р С За избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино PDF Печати
Врз основа на член 19-а и член 23 од Законот за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96 ....275/19), како и Одлуката бр.09-435/1 од 06.07.2021 година за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино, Градоначалникот на општина Неготино распишува

Ј А В Е Н     К О Н К У Р С
За избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино


СЕ РАСПИШУВА јавен конкурс за избор на директор на ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО Неготино за мандатен  период од  4 (четири) години.
Кандидатите на конкурсот  покрај општите услови
-    да е државјанин на Република Македонија,
-    да е полнолетен,
-    да има општа здравствена способност
-  со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
треба да ги исполнуваат  и следните  посебни услови кои се потребни за извршување на работата:
 - да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,

- да има минимум пет години работно искуство,

- да поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа:
ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) - најмалку 74 бода,
ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен,  
БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
 АПТИС ( APTIS) – најмалку ниво Б2.
Заинтересираните кандидати треба  да достават :
Пријава (слободен формат) која треба да содржи: име и презиме на кандидатот и назив на доставените документи.Во прилог на пријавата треба да се достави следната документација:
-    Кратка биографија на кандидатот-CV
-    Уверение за државјанство на Република Македонија
-    Доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование );
-    Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-    Доказ за работното искуство  (преглед или историјат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или Центарот за вработување и други докази за работно искуство),
-    Лекарско уверение за општата здравствена способност, не постаро од шест месеци,
-    Доказ за исполнување на условот за познавање на англиски јазик.

Пријавите со потребната документација се доставуваат лично во архивата на општина Неготино или по пошта на следната  адреса – Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, до Градоначалникот на општина Неготино со назнака „ За јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО- Неготино “.
    Рокот за доставување на пријавите е 10 дена, не сметајќи го денот на објавувањето на конкурсот во дневниот печат.
    Изборот на кандидатот, Градоначалникот ќе го изврши најкасно во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата до Градоначалникот, од страна на Комисијата за прегледување на документацијата. Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет за разгледување.

 
 
JАВЕН ОГЛАС бр.1/2021 за вработување на 9 (девет) лица - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ PDF Печати

  Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18,  член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/2016), член 20 и член 21 став 2 од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино бр.06-6/1 од 31.03.2021 година, В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” на Општина Неготино , објавува:

JАВЕН ОГЛАС
бр.1/2021  за вработување на 9 (девет) лица - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“

1.Контролор на паркирање
Шифра: KДР 03 05 Б02 050,  6 (шест) даватели на услуги

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО  или  четири годишно средно образование ;

-    најмалку 2(две) години работно искуство во струката.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до сабота петок ;
-    работни часови неделно 40;
-    сменско работно време од понеделник до петок,  прва смена од 08:00 до 15:00 часот , втора смена од 15:00 до 22:00 часот  и сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Основната нето плата изнесува:  18.819,oo денари
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2021 година се македонец(ка) 1.

2.Раководител на Одделение за oддржување на спортски објекти
Шифра: KДР 03 05 А03 060,  - 1(eден) давател на услуга

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Земјоделско инжинерство или факултет за физичко образование, спорт и здравје;
-    најмалку 2(две) години работно искуство во струката, од кои најмалку 1(една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката , од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор ;
-    Работа и придонес во спортот.
-    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до  петок од 08:00 до 16:00 часот;
-    работни часови неделно 40.

Основната нето плата изнесува:  30.718,oo денари.
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2021 година се македонец(ка) 1.

3.Општ работник
Шифра: KДР 03 05 В02 031,  2 (два) даватели на услуги

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации  I или  основно образование;
-    со или без работно искуство во струката.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до  петок од 08:00 до 16:00 часот;
-    работни часови неделно 40.

Основната нето плата изнесува:  16.477,oo денари.
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2021 година се македонец(ка) 1.
Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.лични податоци на кандидатот;
2.податоци за исполнување на општите услови;
3.податоци за исполнување на посебните услови;
4.изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот;
5.дата на пријавување и потпис на кандидатот.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Пријавата може да се превземе од веб страницата на Општина Неготино www.negotino.gov.mk.
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на општина Неготино.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на податоците и доставените докази за јавниот оглас.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Огласот ќе се објави во дневниот весник  ,,Нова Македонија”, ,,Слободен Печат” и дневниот весник ,, Koha”.
 Рокот за пријавување да биде 15(петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници. 

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА НА  ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
   
                
                                                                                 В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО”                                                                 
                                                                                              Звонко Кичуков

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид  на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 ‐ Површински соларни фотоволтаични електрани на КП‐431/1, дел од КП431/2, КП‐432/1, КП‐432/2, КП‐432/3, КП‐432/4, МВ Рудина, за КО Војшанци, Општина Неготино

Јавниот увид   на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела со намена Е1.13 ‐ Површински соларни фотоволтаични електрани на КП‐431/1, дел од КП431/2, КП‐432/1, КП‐432/2, КП‐432/3, КП‐432/4, МВ Рудина, за КО Војшанци, Општина Неготино,  со технички број  04-263/2020  од мај, 2021 година,  изработен од ТДПИГК „ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ  Скопје, ќе се спроведе со излагање на Урбанистичкиот проект во општина Неготино.
Јавниот увид  ќе трае 15  (петнаесет) дена и тоа   од  05.07.2021 година  до 19.07.2021 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат забелешки.

Урбанистички проект


    

 
Седница на Совет на општина Неготино 01.07.2021 година PDF Печати
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11, 13/20 ), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува педесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Салата на општина Неготино на ден 01.07.2021 година (четврток ) во 12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура , спорт и соработка со здруженија и фондации за 2021
2. Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2021 година
4. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2021 година
5. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Вардарски плански регион
6. Предлог – Одлука за усвојување на Урбанистичка ревизија за општина Неготино
7. Предлог – Решение за давање согласност на Анекс на Статут на ООУ „Страшо Пинџур“ Неготино
8. Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2021 година на ООМУ „Владимир Арсовски“ Неготино  

 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 17.06.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  дваесет  и четвртата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино

Вонредната седница ќе се одржи во Салата на општина Неготино   на ден 17.06.2021 година ( четврток  )  во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог-  Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
2.    Предлог-  Правилник за утврдување на плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно- технички работи и помошни работи во општина Неготино   
3.    Предлог- Решение за давање на согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
4.    Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Фемо Кулакјов“ Неготино
5.    Предлог- Одлука за давање согласност на Правилник за начела на внатрешна организација на ЈОУДГ „Фемо Кулаков “ Неготино
6.    Предлог- Одлука за давање на согласност на Статутот на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
7.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош

 
О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на интерен оглас PDF Печати

Република Северна Македонија
ОПШТИНА НЕГОТИНО
Бр.04-342/12
07.06.2021година

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и (,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020)), Секретарот  на општина Неготино  во постапка за унапредување на административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на административен службеник по пат на интерен оглас

    1.Интерниот оглас бр.02/2021 објавен на ден 21.05.2021 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на  работно место - Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој,  се избира административниот службеник Јасминка Дуровиќ. За работното место со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на  работно место – Советник за утврдување и наплата на локални даноци и такси во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања се избира административниот службеник Ристе Ташев и за работното место со шифра: УПР 01 01 В02 000 и назив на работно место – Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања се избира административниот службеник Елена Јовановиќ.

    2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за унапредување на избраните административни службеници.

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
    Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.02/2021 година на ден 21.05.2021 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој,  со шифра: УПР 01 01 В01 000 и  назив на работно место – Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР,  шифра на работно место УПР 01 01 В01 000,  во Одделение за даноци , такси и надоместоци, Сектор за финансиски прашања, со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на работно место - Советник за утврдување и наплата на локални даноци и таски и во Одделение за даноци , такси и надоместоци , Сектор за финансиски прашања, со шифра: УПР 01 01 В02 000 и назив на работно место - Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси.
    Комисијата за селекција на административен службеник на ден 03.06.2021 година во  10:30 часот спроведе административна селекција по интерен оглас број 02/2021, при што се утврди дека уредно доставени документи за работното место  - Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР имаше доставено единствениот кандидат Јасминка Дуровиќ, за работното место - Советник за утврдување и наплата на локални даноци уредно доставени документи имаше доставено единствениот кандидат Ристе Ташев и за работното место - Виш соработник за утврдување и наплата на локални даноци и такси  уредно доставени документи имаше доставено единствениот кандидат Елена Јовановиќ. Истиот ден во 11:00 часот се спроведе и интервју со кандидатите согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју , Комисијата изготви финална ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.

Одлука

 
Листа на добитници на субвенции за купени велосипеди за 2021 година PDF Печати
Листа на добитници на субвенции за купени велосипеди за 2021 година
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 2/2021 PDF Печати

Врз основа на член 30 став 1 алинеја 2 и став 3,  член 48 став 4 и став 5 и член 49 од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија”  бр.303/2021), општина Неготино објавува


ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 2/2021

за унапредување на 3(три) административни службеници во општина Неготино

     Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 3 (три) административни службеници  за следните работни места :

1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Советник за водење и координирање на проекти со странски донации за ЛЕР.
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Одделение за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај  и локален економски развој.
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : УПР 01 01 В01 000
НИВО: В1

Повеќе...
 
Хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ PDF Печати
 Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека на 21.05 (Петок) ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата ќе се одржува во 5 градови и ќе учествуваат 11 организации.
Хуманитарната акција ќе се одржува и во нашата општина  во временскиот период од 10 -18часот во Кам Маркет-Неготино .Акцијата во нашата Општина е подржана во соработката помеѓу Невладините организации Сите Сити-Ајде Македонија и Порака-Неготино и Општинска Орханизација на Црвен Крст -Неготино.Општина Неготино ја подржува акцијата преку Општинскиот совет за Социјална Заштита на Општина Неготино.
Ги повикуваме сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Активностите на Ајде Македонија се подржани од Civica Mobilitas како дел од проектот "Одржлива мрежа за спасување на храната"    
#ХранаНеСеФрла
#CivicaMobilitas

 
70 граѓани набавија субвенционирани велосипеди од општина Неготино PDF Печати
  Општина Неготино ги известува граѓаните на општината дека поради големиот интерес за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед, за 14 дена од објавувањето на јавниот повик, средствата во висина од 300.000 денари кои општината ги предвиде за оваа намена се исцрпени, а со тоа и јавниот повик  е затворен. На јавниот повик за добивање на субвенции за набавка на велосипед или адаптиран велосипед во овој период се пријавија вкупно 70 заинтересирани граѓани на општината.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 31