Соопштенија
Честит празник Рамазан Бајрам PDF Печати

   Од мое лично име и од име на општина Неготино на сите верници од муслиманска вероисповед од неготинска општина и Република Северна Македонија им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба во семејствата. По завршувањето на месецот на постот, посакувам верниците со радост да го дочекаат овој, за нив, голем празник со меѓусебно почитување и љубов кон најблиските. Ви посакувам овој Рамазан Бајрам да го поминете во кругот на семејството и пријателите со среќа, здравје и спокој, меѓусебно разбирање и љубов и се разбира со почитување на пропишаните здравствените протоколи.

 
Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија Втор проект за подобрување на општинските услуги - МСИП2 MSIP2-NCB-033-21 PDF Печати
1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена  електронски на 04 август, 2016 година.

2.    Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој гранд да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на 9 улици во општина Неготино.

3.    Општина Неготино ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на 9 улици во Општина Неготино.

4.  Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5.   Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:
Адреса: ул„Ацо Аџи Илов“бр.2
Град: Неготино
Поштенски број: 1440
Држава: Република Македонија
Телефон: 043/361-045
Е маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

6. Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:
Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка 100 000000063095
Сметка на корисник – 748014059263015
Приходна шифра и програма -725939 00    

7. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Неготино со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.

8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 15:00ч, 14.06.2021. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 15:15ч, 14.06.2021.

9.       Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 600.000,00 МКД.
10.     Општина Неготино
Адреса: ул„Ацо Аџи Илов“бр.2
Град: Неготино
Поштенски број: 1440
Држава: Република Македонија
Телефон: 043/361-045
Е маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 
До 31 маЈ 2021 г. ќе се реализираат гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Печати
   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 мај, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. 
 
Ј А В Е Н П О В И К за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2021 година PDF Печати

О П Ш Т И Н А  Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година бр. 08-651/7 од 28.12.2020 година, објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2021 година



1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди, а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на Јавниот повик заклучно со 27.06.2020 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, односно адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност.

1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 30.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

1.3. Средствата што се превидени во Програмата бр. 08-651/7 од 28.12.2020 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од буџетска програма L00.

1.4.  Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.


2.  Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 07.06.2021 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

3.  Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

-    да е жител на општина Неготино,

-    велосипедот да го купи од денот на објавување до денот на завршување на Јавниот повик (до 27.06.2021 година),

-    да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).

4.  Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави:

- барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино или на веб страната на општина Неготино),

- доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност,

- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик,

- потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација,

- решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган.

Документи од алинеја 5 и 6 приложуваат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед.

4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед.

4.3. Лица од исто потесно семејство и лица кои живеат на иста адреса не можат истовремено да добијат надоместок за велосипед на објавениот јавен повик.
4.4. Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

4.5. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“

4.6. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

Повеќе...
 
Земјоделците можат да пријавуваат штети од пролетните измрзнувања во општина Неготино PDF Печати

   Општина Неготино ги информира земјоделците од неготинска општина дека е формирана комисија за проценка на штети од пролетните измрзнувања. Сите заинтересирани земјоделци можат да пријават штети на своите насади со доставување на барање за проценка, копија од имотен лист и копија од лична карта кај лицето Јордан Коцев на трети спрат во зградата на локалната самоуправа. Рокот за пријавување на штетите од измрзнувањата е од 4-ти до 7-ми мај од 8,30 до 15, 30 часот.

 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 29.04.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  дваесеттата    и втората  вонредна  седница на Советот на општина Неготино

Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 29.04.2021 година ( четврток)  во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог-  Решение за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување за 2021 година на Општина Неготино
2.    Предлог-  Заклучок за продолжување на Стратегијата за Локален економски развој на општина Неготино  
3.    Предлог- Одлука за регулирање на начинот на плаќање на водата од паралелниот систем во Неготино за 2021 година
4.    Предлог- Одлука за сопствено учество на општина Неготино во Проектот за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година
 
О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на интерен оглас PDF Печати

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и (,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020)),Секретарот  на општина Неготино  во постапка на вработување административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на административен службеник по пат на интерен оглас


    1.По интерниот оглас бр.01/2021 објавен на 12.04.2021 година за вработување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој,  со назив на работно место – Советник за управување со проекти и шифра на работно место УПР 01 01 В01 000 се избира административниот службеник Лидија Нечева.

    2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за вработување со избраниот административен службеник.

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
    Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.01/2021 година на ден 12.04.2021 година за вработување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој,  со назив на работно место – Советник за управување со проекти и шифра на работно место УПР 01 01 В01 000.
    Комисијата за селекција на административен службеник на ден 22.04.2021 година во  11:30 часот спроведе административна селекција по интерен оглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Лидија Нечева. Истиот ден во 12:00 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју , Комисијата изготви ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.

ОДЛУКА 

 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 16.04.2021 година PDF Печати

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на дваесеттата и првата вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата на ден 16.04.2021 година ( петок) во 10 часот . За седницата го предлагам следниот :

                                                      Д Н Е В Е Н Р Е Д


1. Предлог- Одлука за приоритетна инвестиција за под-проектотул.„Антигона“ општина Неготино
2. Предлог- Одлука за приоритетна инвестиција за под-проектот ул.„Едвард Кардељ“ општина Неготино
3. Предлог- Одлука за одобрување и овластување на градоначалникот на општина Неготино да го потпише Договорот за имплементација за под-проектот ул„Антигона“ општина Неготино
4. Предлог- Одлука за одобрување и овластување на градоначалникот на општина Неготино да го потпише Договорот за имплементација за под-проектот ул„Едвард Кардељ “ општина Неготино 

 
ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ PDF Печати

Поаѓајќи од заложбите за владеење на правото, обезбедување на одржлив економски и општествен развој, поттикнување на јавната доверба во локалните власти, целосно и непречено остварување на правата и слободите на граѓаните како и поттикнување на нивното учество во носењето одлуки на локално ниво, единицата на локалната самоуправа ја усвојува следната ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ.

Целта на оваа политика е да промовира интегритет  на политичко и на административно ниво, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, создавање на услови за општествен развој, учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси и поголема доверба на граѓаните во ЕЛС.

 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2021 за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино PDF Печати
Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува


                                  ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 1/2021
за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино


     Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :
1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Советник за управување со проекти
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Одделение за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај  и локален економски развој
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА : УПР 01 01 В01 000
НИВО: В1

ОПШТИ УСЛОВИ :
-    да е државјанин на Република Македонија,   
-    активно да го користи македонскиот јазик,
-    да е полнолетен,
-    да има општа здравствена способност за работното место ,
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
-    решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
-    учење и развој;
-    комуникација;
-    остварување резултати;
-    работење со други/тимска работа;
-    стратешка свест;
-    ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и
-    финансиско управување.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
-за нивото В1-ниво на квалификација VIA според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки, Образование или Наука за книжевноста;
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-работно искуство и тоа за нивото-В1-најмалку 3(три) години работно искуство по дипломирањето;
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски,француски, германски).

РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
    -Работни денови: од Понеделник до Петок
    -Работни часови неделно: 40 часа
-Работно  време: од 08:00 часот до 16:00 часот
-Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додатокот на плата  за називот на работното место изнесува: 24.965,оо денари.

    На интерниот оглас може за да се јави административен службеник вработен во општинската администрација во општина Неготино, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место, како и:
-    да е оценет со  оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето  во 2021 година,
-    да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и
-    да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година при објавувањето на интерниот оглас.

    Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
-потврди за успешно релаизирани обуки или
-потврди за успешно релаизирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

    Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава  објавена во прилог на интерниот оглас.
    Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
    Рокот за пријавување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на веб страната на институцијата.
    Условите наведени во  огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во  моментот на  пријавувањето.
    Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа:
 Фаза 1  -  административна селекција се спроведува  најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
 Фаза 2  - интервју се спроведува  во рок од 5 (пет) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција

НАПОМЕНА: Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Пријава по интерен оглас



 

 
До 30-ти април ќе се реализират гаѓање на Армискиот полигон Криволак PDF Печати

   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30-ти април на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 31