Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на градежна парцела согласно Општ Акт за село Пепелиште, на КП 1282 и КП 1283 КО Пепелиште, Општина Неготино


Граници на опфатот сe: од северозападната и југозападната старна граничи со катастарски парцели кои претставуват градежно изградено земјиште, додека од североиосточната и југоисточната страна граничи со постоечки улици, кои се дефинирани со општиот акт за село Пепелиште. Пристап во парцелата е обезбеден од југоистoчната страна (улица 1) и североисточната страна (улица 2).
Опфатот е со површина  од  3251m2.
Јавната анкета и јавната презентација за Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на градежна парцела согласно Општ Акт за село Пепелиште, на КП 1282 и КП 1283 КО Пепелиште, Општина Неготино, со технички број  04-222/2020 од  јануари  2021 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“  ДООЕЛ Скопје ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  29.03.2021 година  до 02.04.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со АУП, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.04.2021 година  во  13:00 часот во просториите на општина Неготино.

Одржувањето на јавната презентација и анкета ќе се одржи согласно важечките прописи за заштита од вирусот Ковид-19, па според тоа кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното
растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

AUP Pepeliste 15.02.2021.pdf
 

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот – ДУП за  Урбана Единица 6, дел од Блок 20 и Урбана Единица 7, дел од Блок 21, (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“),  општина Неготино,  (ДУП  за  УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 7.2)



Граници на опфатот сe: на северосток, северозапад и запад  граничи со улица„Партизанска“, а на југоисточната страна со улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина  од  4,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  ДУП за  Урбана Единица 6, дел од Блок 20 и Урбана Единица 7, дел од Блок 21, (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“),  општина Неготино,  (ДУП  за  УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 7.2) со технички број  број  56/18 од  март, 2021 година, изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  ДООЕЛ  Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа од  25.03.2021 година  до 31.03.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  29.03.2021 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

Одржувањето на јавната презентација и анкета ќе се одржи согласно важечките прописи за заштита од вирусот Ковид-19, па според тоа кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното
растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

DUP UB 7.2 - Negotino 03.2021.pdf

 
Седница на Совет на општина Неготино 12.03.2021 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11, 13/20 ), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    четириесет и седмата       редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на Домот на културата „Ацо Ѓорчев “ Неготино  на ден 12.03.2021 година   (петок ) во  12,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог -  Заклучок за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2020- 31.12.2020
2.    Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј “ Неготино
3.    Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на ООУ „Страшо Пинџур  “ Неготино
4.    Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на ООУ „Гоце Делчев   “ Неготино
5.     Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на ООМУ „Владимир Арсовски   “ Неготино
6.    Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на Локална библиотека  „Страшо Пинџур   “ Неготино
7.    Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на Музеј на град Неготино , Неготино
8.    Предлог – Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај за 2020 година на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“  , Неготино
9.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа  на општина Неготино за 2020 година

10.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2020 година

11.    Предлог- Одлука за предавање во сопственост на ПМВ од општина Неготино на ЈКП Комуналец Неготино
 
 
Формиран Општински совет за социјална заштита PDF Печати

   Општина Неготино на 05.01.2021 год., на првата Конститутивна седница го формира Општинскиот совет за социјална заштита , по претходно донесена одлука од Советот на општина Неготино.Овој Совет е составен од претставници од општината, Центар за социјална работа,Здравствен Дом, основните и средното училиште,Полициска станица,Јавно обвинителство.Црвен Крст, Порака и малите групни домови.Општинскиот Совет за социјална заштита донесе Социјален план и Деловник за работа на истиот.Овој Совет брои 15 члена со мандат од 4 години кои ќе работат активно  за подобрување на социјалната состојба во општината со свои предлози, иницијативи и препораки.

 

 
До 31 март ќе се реализира гаѓање на Армискиот полигон Криволак PDF Печати

  Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 март на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Седница на Совет на општина Неготино 26.02.2021 година PDF Печати
  Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од  Статутот  на  општина  Неготино   (,, Сл.гласник  на  општина  Неготино   брr.3/06, 2/11,  9/11,  16/12  и  16/14,  13/20)  и  член    57  став  1  од  Деловникот  на  општина  Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина  Неготино  ја свикува     четериесет и  шесттата      редовна седница на  Советот на  општина
Неготино.    Седницата  ќе  се  одржи  онлајн    на  зоом  платформата    на  ден  26.02.2021  година   (петок) во  12,00 часот.
  За седницата го предлагам следниот  

 
                            Д Н Е В Е Н   Р Е Д  
 
1.  Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
2.  Предлог-  Одлука за за давање на користење на недвижност  
3.  Предлог-  Одлука  за  за  преотстапување  на  2  моторцикли  ВЕСПА  на  АД ВОДОСТОПАНСТВО на РСМ  
4.  Предлог-  Одлука  за  отпочнување  на  активности  за  ажурирање  на  Процената  на загрозеност  на  подрачјето  на  општина  Неготино  за  2021  година,  од  сите  ризици  и
опасности   
5.  Предлог-  Одлука  за  утврдување  на  потребата  од  донесување  на  урбанистичка
планска  документација  за  вклопување  на  бесправно  изградени  објекти  во урбанистичко планска документација  
6.  Предлог – Решение за именување на член на УО на ООУ „Гоце Делчев“ Неготино     
7.  Предлог-  Заклучок  за  усвојување  на  Акцинен  план  за  енергетска  ефикасност  на општина Неготино за 2021 година    
8.  Предлог –  Заклучок за  усвојување на Годишната  извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „ Неготино “ Неготино    
9.  Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета
ДУП за урбана единица  6, дел од блок 19, општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на северозападната страна е    улица „Пекарев“,  на исток  улица  „Јане Сандански“  и на југозападната страна е   улица  „Ацо Аџи Илов “.
Опфатот е со површина  од  1,17 ха.
Повторната јавната анкета и јавната презентација по ДУП за урбана единица  6, дел од блок 19, општина Неготино, со технички број    03-230/16 од февруари, 2021 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  26.02.2021 година  до 04.03.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2021 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.

UZ_6_BLOK 19
 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Печати

  Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2021 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино


1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција.

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации PDF Печати

Врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година (Сл. Гласник на општина Неготино), Општина Неготино објавува
ЈАВЕН ПОВИК
 за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации


Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, Програма A0-Совет на општина, ставка 463110 – Трансфери до здруженија на граѓани и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ“, 130/07) и врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година и критериумите и приоритетите дадени во овој повик.
Видот на проектите кои ќе бидат поддржани  

Повеќе...
 
До 28 февруари ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Печати

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 28 февруари 2021 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог - ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Негот PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог - ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино



Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Маршал Тито”, на запад улица ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА", на југ, улица ,,Едвард Кардељ" и ,,Киро Крстев" и на исток ,,Ѓорѓи Димитров Вешката" и крак на улица ,, Маршал Тито”.
Опфатот е со површина  од  4,8 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог- ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино со технички број  55/18 од  февруари  2021 година , изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  10.02.2021 година  до 16.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.02.2021 година  во  09:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP UE4 - Negotino 02.2021

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 31