Соопштенија


Седница на Совет на општина Неготино 11.11.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11,  9/11,  16/12  16/14,13/20)     и член 57 став1 од Деловникот на општина Неготино(,,Сл.гласник  на Општина  Неготино “бр.3/06 и2/11), Претседателот  на  Советот  на Општина Неготино ја свикува четериесет и вторатта редовна седница на Советотна општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден11.11.2020година (среда ) во 12.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација

2.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020година

3.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2020година

4.Предлог-Програма  за  изменување  и  дополнување  на  Програмата  за  локален економски развој на општина Неготино за 2020година

5.   Предлог-Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготиноза 2020 година 

6.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2020година ( ребаланс)

7.Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај на општина Неготино за периодот 01.07.2020-30.09.2020 година

8.Предлог –Решние за доделување на еднократна парична помош

9.Предлог-Одлука за доделување на финансиски средства

 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат потрошувачите од улииците:„ЈНА“, „Марксова„ „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, Пиринска“, Вардарска“„Ѓоко Мишев“ „Вано Ташев“„Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“ „Илинденска“дел од „Ќиро Крстев“ дека поради дефект на улична водоводна линија на ул.„Ѓоко Мишев“ денес 09.11.2020 (понеделник) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот
Молиме за разбирање

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
09.11.2020г.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1384, 1372, 3845, 3847, 3851, 3852 и дел од 3853  КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино

Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со катастарски парцели кои претставуваат градежно неизградено земјиште, од источната со регинолен пат Р29173, додека од западната и јужната страна граничи со улици кои се дефинирани со општиот акт за село Долни Дисан.
Пристап во парцелите е обезбеден од западната страна.
Опфатот е со површина  од  4,05 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1384, 1372, 3845, 3847, 3851, 3852 и дел од 3853   КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино, со технички број  04-191/2019 од  октомври  2020 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“  ДООЕЛ, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  10.11.2020 година  до 16.11.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 12.11.2020 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.
Јавната анкета  и  Јавната презентација  ќе се одржи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

АУП Долни Дисан

 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 19.10.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Сл. гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Сл.гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                                                           Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
                        За свикување на тринаесеттата  вонредна  седница на Советот на општина Неготино



  Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино   на ден 19.10.2020 година ( понеделник ) во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :

1. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот  на општина Неготино за 2020 година
2. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
    
                          
 
Седница на Совет на општина Неготино 07.10.2020 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  („ Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14 , 13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино“ бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четириесеттата  редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 07.10.2020 година   (среда) во  12,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                                                       Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог –Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот  на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето на градежно земјиште во сопствeност на РСМ на подрачјето на општина Неготино
3.    Предлог-  Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)
4.    Предлог – Одлука за ослободивање од плаќање на трошоците за јавни паркиралишта
5.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 3 of 55