Соопштенија


Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во општина Неготино PDF Печати

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот „П & П Индустрис” ДОО Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во општина Неготино.

Јавнатa расправa по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за изведување на Проектот: Депонија за инертен и индустриски неопасен отпад во општина Неготино ќе се одржи на 26 ноември 2019 година  (вторник), во Големата Сала на општина Неготино со почеток во 12.00 часот

Контакт лица:
Инвеститор: Друштво за производство, инженеринг и трговија П & П Индустрис ДОО Скопје Гиусеппе Цесура бул. „1737“ бр. 24/11 Скопје;  тел: + 389 78387656 е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  


Министерство за животна средина и просторно планирање Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина     
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје, тел:02 3 251-410; е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Дејана Тодоровска – Раководител на одделение во Сектор за животна средина
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје, тел: 02 3 251-410 е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Прилог : СТУДИЈА ЗА ОВЖС ОД ИЗГРАДБА НА ДЕПОНИЈА ЗА ИНЕРТЕН И ИНДУСТРИСКИ НЕОПАСЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

             НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ

 

 

 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 15.11.2019 година PDF Печати

                                      Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на четвртата    вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 15.11.2019 година ( петок) во 11.00  часот.
За седницата го предлагам следниот


                                           Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог – Одлука за проширување и пренамена на средства од блок дотации - 2019 година   

2.    Предлог – Решение за давање согласност на Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2019 година на општина Неготино со бр. 09-292/4 од 14.11.2019 година

3.    Предлог- Решение за за утврдување на предлог за 1 (еден) член во Управниот одбор на ЈУ  Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 01.11.2019 година PDF Печати

Врз основа на член  40  став  1 од Законот за локалната самоуправа  (,, Сл.весник на РМ.бр.5/02), член 77 од Статутот на Општина Неготино (,, Сл.гласник на Општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11 и 16/12)   и член 58  од Деловникот  на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино“бр.3/06 и 2/11), Председателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
         

                                  Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на третата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 01.11.2019 година ( петок) во 18.45  часот.
За седницата го предлагам следниот


                                   Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог – Одлука за доделување на награда 8-ми Ноември.  

2.    Предлог – Одлука за доделување на признанија  8-ми Ноември

 
Седница на Совет на општина Неготино 30.10.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02 ), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесет и прватта        редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на  општина Неготино на ден 30.10.2019 година   (среда) во  14 ,30 часот.
За седницата го предлагам следниот

                                                       Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ЈП Комуналец Неготино
2.    Предлог- Одлука за издавање гаранција за задолжување на ЈП Комуналец за кредитно долгорочно задолжување пред деловна банка за финансирање на проект ,, Заштита на водните ресурси со намалување  на човековото влијание врз животната средина- набавка на возило систем CHANNEL – JET  за отпушување на канализациони системи и јамиза ,,
3.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков,, Неготино за учебната 2018-2019 година
4.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков,, Неготино за учебната 2019-2020 година
5.    Предлог- Одлука за формирање на Локален совет за превенција на општина Неготино  
6.    Предлог-  Одлука  за давање согласност на Договор за соработка за организација на настани по повод 8 ми Ноември , помеѓу општина Неготино и Здружението за унапредување на спортски и културни манифестации СПО- КУЛ Неготино
7.    Предлог-  Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
8.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година
9.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година
10.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на образованието за 2019 година
11.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2019 година
12.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2019 година
13.    Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година ( ребаланс)
 
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови PDF Печати
Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), општина Неготино распишува:

                                                    ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива  за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 став 1 точка 2 алинеа 2,3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (,,Сл. Весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16,  163/16, 64/18 и 168/18).
Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма.
Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички  план, со дефинирани граници на опфат согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (,,Сл. Весник на Р.М” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).
Изработката на урбанистичките планови може да биде финансирана од страна на подносителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае од 18.10.2019 година до 01.12.2019 година.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 42