Соопштенија


СООПШТЕНИЕ PDF Печати
   ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО СОГЛАСНО СО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОПШТИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ДДД ЗА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА 2020ГОДИНА, ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ВО ТЕКОТ НА   ДЕН 12 ЈУНИ (ПЕТОК ) ПОЧНУВАЈЌИ ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА КРИТИЧНИ ТОЧКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ СО МАШИНСКО РАСПРСКУВАЊЕ СО ПРЕПАРАТОТ АКВА-КОТРИН ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ЗОТОКС ДООЕЛ Скопје  ПОД НАДЗОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД ВЕЛЕС. СО ПРСКАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 4 ЛОКАЦИИ И ТОА - КЕЈОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА, БРЕСТИН ДОЛ, МАРЕНСКИ ПОРОЈ И ПОТЕГОТ ОД КРИВОЛАК ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА И СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА.
СЕ ИНФОРМИРААТ ГРАЃАНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ ОДГЛЕДУВААТ ПЧЕЛИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА.
 
До 30-ти јуни вежбовни боеви активности на АП Криволак PDF Печати
   Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Поради безбедно изведување на планираните вежбовни активности, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 29.05.2020 година PDF Печати
Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е За свикување на единаесеттата     вонредна  седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино   на ден 29.05.2020 година      ( петок) во 12 часот .      За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н    Р Е Д

1.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на  урбанистички планови на просторот  на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020 година
3.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програма за енергетска ефикасност  за 2020 година
4.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2020 година
5.    Предлог- Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2020 година( прв ребаланс)       
 
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година PDF Печати

О П Ш Т И Н А    Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ“ бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2020 година бр.08-685/7 од 30.12.2019 година („Службен гласник на општина Неготино“  бр.18/2019)  објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2020 за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди за 2020 година

Повеќе...
 
Седница на Совет на општина Неготино 18.05.2020 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесет и седмата      редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 18.05.2020 година   (понеделник) во  12,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот

                               Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино
3.    Предлог – Одлука за донесување на измена и дополнување на детален урбанистички план за УЗ 1 дел од блок 3, КО Неготино , Општина Неготино  
4.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
5.    Предлог- Заклучок за усвојување на Извештајот за извршување на Програмите на општина Неготино за 2019 година
6.    Предлог – Заклучок за усвојување на првиот квартален извештај на извршување на Буџетот на општина Неготино за 2020 година
7.    Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОУ Музеј на град Неготино
10.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење ,,Неготино,,- Неготино за 2019 година
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 52