Соопштенија


Соопштение до јавноста PDF Печати
Соопштение до јавноста

Општина Неготино ја известува заитересираната јавност дека е доставен Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекс на КП 2479 И 2469/2 м.в“Песок“ КО Неготино - Општина Неготино со број 54-02/13 од 13-02-2013, која е достапна за увид од 19.02.2013 година до 19.03.2013 година во просториите на Општина Неготино ул."Ацо-Аџи Илов" 2, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.
По увидот заитересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино до 19.03.2013.
Во општина Неготино,може да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за изградба на стопански комплекси  на КП 2479 и 2469/2  КО Неготино –Општина Неготино со број 54-02/13 од 13-02-2013. год., исто така и на општинската web страна www.negotino.gov.mk
На 19.02.2013 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на општина Неготино во 13 часот.

Контакт лице:
Лилјана Нечева
Општина Неготино
Ул. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Tel. 043/361 045 lok. 028       
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Соопштение до јавноста
Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека Градоначалникот на Општина Неготино организира
ЈАВНА РАСПРАВА

за следните главни проекти:
Реконструкција на ул. Маршал тито Тех. Бр. 2811-  2 km +135,28m
Реконструкција на ул. Партизанска Тех. Бр. 2811/2 -1 km+030,59m

Овие проекти се  достапни за увид од 08.11.2012 год. до 15.11.2012 година во просториите на општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов“ бр 2 секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.

По увидот, заитересираните граѓани невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на овие проекти во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино до 15.11.2012 година.


На 12.11.2012 година ќе се одржи јавна расправа по овие проекти во просториите на Општина Неготино во 19 часот.

Контакт лице:
Ѓоке Темелков
Oпштина Неготино
Ул. "Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино
Тел. 043/361 045 Лок.129                         
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Локална самоуправа Неготино ги известува сите заинтересирани  правни и физички лица дека можат да доставуваат предлози за доделување на Општинските награди по повод празникот на општината – 8-ми Ноември. Можат да се доставуваат предлози за почесен граѓанин на Неготино, за наградата за животно дело, наградата 8-ми Ноември и признанија по повод празникот 8-ми Ноември. Предлозите кои треба да бидат во писмена форма потребно е да содржат и образложение за предложените физички или правни лица предложени за добивање на награди и признанија. Предлозите се доставуваат до Комисијата за награди и признанија при Советот на општина Неготино најдоцна до 22 октомври, 2012 година.
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати
Градоначалникот на општина Неготино на ден 29.08.2012 година го објави следниот


                                                              ЈАВЕН ПОВИК

1.    Општина Неготино во согласност со Програмата за активности во областа на социјалната заштита за 2012 година донесена од Советот на општината ќе отпочне со спроведување на проект за функционирање на игрални за деца од предучилишна возраст во рурални средини (Војшанци) преку вработување на 1 лице на определено време.

2.    Се известуваат сите лица кои што се заинтересирани за учество во спроведувањето на горенаведениот проект и ги исполнуваат доленаведените критериуми најдоцна до 05.09.2012 година (среда) да достават пријава за заинтересираност со биографија (CV) до општина Неготино заедно со бараните документи како доказ за исполнување на критериумите.

3.    За да можат да достават пријава за заинтересираност потребно е секое лице да ги исполнува следните критериуми:
–    Да е државјанин на Република Македонија;
–    Да има завршено VI или VII степен на образование, Педагошки факултет - предучилишна или одделенска насока;

4.    Избор на пријавените лица ќе го спроведи комисија во рамките на општината.
                                                                                                                                        ОПШТИНА НЕГОТИНО
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште “ , општина Неготино


Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот “ЕКОПЛАН-ДЕПО“ ДООЕЛ од Скопје  со седиште на ул. “Христо Чернопеев” бр.2б во Скопје ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште “ во општина Неготино и истата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), во просториите на Секторот за комуникација со јавност на Министерството со седиште на ул. "III Македонска бригада" бр.10а секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот  и во канцеларијата во општина Неготино.
Заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата, во писмена форма, до одговорните лица за контакт, назначени од Инвеститорот и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Јавната расправа по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, КО Пепелиште“, општина Неготино ќе се одржи на 10.08.2012 година (петок) во Големата сала за состаноци во зградата на општина Неготино со почеток во часот 12 часот.

Контакт лица:
Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје   тел: 02 6142 209, 076 298 297,  е -маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 43 од 51