Соопштенија


ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати


Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.05/2002), член 79 став 1 точка 50 од Статутот на Општина Неготино (“Сл.гласник на Општина Неготино” бр.3/06 , 2/2011 и 6/2011) и член 4  од Одлуката за формирање на Општински совет за превенција од малолетничко престaпништво, Советот на општина на седницата одржана на ден 03.10.2011 година,  објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за предлагање  на кандидати за членови   на  
Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво на  oпштина Неготино.

 

 

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати



Врз основа на член 115-ј од Статутот на Општина Неготино  (Службен гласник бр. 3/06, 2/2011 и 6/2011) Советот на општина на седницата одржана на ден 03.10.2011 година,  објавува

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ
НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО

 

Повеќе...
 
ПАНАЃУРОТ ПРОДОЛЖУВА И ВО САБОТА PDF Печати
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НЕГОТИНО ГИ ИНФОРМИРА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ГРАЃАНИ И ЗАКУПЦИТЕ НА ТЕЗГИ НА ПАНАЃУРОТ ДЕКА ПОРАДИ ЛОШИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ КОИ БЕА ПРИСУТНИ ВО ТЕКОТ НА ПРВИОТ ДЕН ОД ИСТИОТ, ОПШТИНА НЕГОТИНО ОДЛУЧИ ОДРЖУВАЊЕТО НА ДЕНОВИТЕ ОД НЕГОТИНСКИОТ ПАНАЃУР ДА СЕ ПРОДОЛЖИ, ТАКА ШТО И САБОТА ( 24.09.2011г. ) ДО 24 ЧАСОТ  ЌЕ БИДЕ ДЕН ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР !
 
Продолжено работно време за прием на барања за легализација дивоградби PDF Печати
Со оглед на краткиот рок до кој може да се поднесуваат барања за легализација на бесправно изградените објекти, општина Неготино ги информира заинтерсираните граѓани дека надлежните служби го продолжија периодот на работење. Така, од среда 24-ти август до 3-ти септември барањата за легализација на дивоградбите се примаат секој работен ден од 8 до 20 часот и во сабота од 8 до 14 часот. Истите можат да се доставуваат во Граѓанскиот услужен центар лоциран во приземјето на зградата на општина Неготино.
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Покана за Јавна презентација
    

 Советот на Општина Неготино  на својата   седница  одржана на 08-08-2011 год. Донесе ОДЛУКА за утврдување
-Нацрт Урбанистички план вон населено место  Неготино ,за изградба на стопански комлекс за откуп,складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи, на дел од кп 1000 КО Неготино -Општина Неготино со тех.број У02-02/11 изработен од,,  Ивановинжинеринг ,,Битола .
  Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање Градоначалникот организира Јавна анкета од 12-08-2011 до 30-08-2011год.  .
 Јавната презентација  ќе се одржи   на ден 30-08-2011 год. во 13 часот во големата сала на  Општина Неготино.
 Нацрт- Планот е изложен во просториите на Општината Неготино   
 Ви се молиме за присуство.
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 Следно > Крај >>

Лист 46 од 48