Соопштенија


Денеска (среда 29.05) ќе нема вода за наводнување на дворните површини PDF Печати

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“-Неготино ги информираат граѓаните-потрошувачи дека поради настанат дефект и интервенција од страна на надлежните, денеска (среда 29.05) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. Прекинот е поради настанат дефект на главниот канал од мрежата од Кавадарци кон Неготино, а на отстранувањето на истиот работат екипи на ЈП„Водостопанство Тиквеш“ од Кавадарци. По завршувањето на санацијата на дефектот, ќе се нормализира и снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини.

 
Денеска (среда 22.05.) до 16,00 ч. ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Печати
  Се известуваат потрошувачите на вода за пиење од Неготино дека поради дефект на главниот цевковод Ф 315 од Ваташа кон Неготино, денеска (среда 22.05.) во периодот до 16,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на ЈП Комуналец се на терен, работат на отстранување на дефектот и според најавите водоснабдувањето ќе се нормализира околу 16,00 часот.
 
Седница на Совет на општина Неготино 20.05.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  (Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и петтата    редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 20.05.2019 година   (понеделник ) во  13,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д 

1. Предлог- Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино  
2. Предлог –  Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на оптина Неготино за 2019 година
3. Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за периодот 2019-2020
4. Предлог- Одлука за донесување на УПВНМ за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад на КП бр. 23/2, 24, 25/3, 25/4, 54/2, 55/2, 56, 57/2, 2173/2 и 2173/4 , КО Пепелиште, м.в. Шобово 
5. Информација – Конечен извештај за извршена ревизија над материјалното и финансиското работење на општина Неготино (Конечен извештај за извршената ревизија на усогласеност за 2017 година- Сметка на основен буџет 630;  Сметка на основен буџет 637; Сметка на приходи на буџет дотации 930; Сметка на расходи на буџет на дотации 937)
6. Предлог – Решение за разрешување на член на УО на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 
7. Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на УО на ЈКП КОМУНАЛЕЦ Неготино 
8. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
9. Предлог- Решение за деделување на финансиски средства
 
Денеска (среда 15.05) ќе има прекин во водоснабдувањето за жителите од „Висока зона“ PDF Печати

   Од  Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино ги информираат потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека денеска (среда 15-ти мај) поради дефект на транзитен цевковод Ф-200 водоснабдувањето ќе биде во прекин. Екипи на Комуналец се на терен и работат на отстранување на дефектот, по што ќе дојде до нормализирање на водоснабдувањето за жителите кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“.

 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Печати

Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2019 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува: 

                                       Ј А В Е Н   П О В И К
 за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино

1.  На повикот можат да се пријават: 
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција

Апликациите се доставуваат во тврда копија во предвидениот рок до Општина Неготино и во електронска форма до одговорното лице за спорт во општината.

Образецот (апликација) можете да го симнете од интернет страната на Општина Неготино.

За вистинитоста на податоците наведени во апликацијата одговараат одговорните лица на Субјектите - потенцијални корисници кои ќе аплицираат на повикот.

Општина Неготино го задржува правото да изврши проверка на податоците наведени во апликациите во секое време.

Субјектите – потенцијални корисници потребната документација треба да ја достават до: 
Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов” бр.2 Неготино
Одделение за јавни дејности
Со назнака “Јавен повик за спортски клубови/спортски сојузи” или лично, во Архивата на Општина Неготино. 

Доставената документација и прилозите не се враќаат.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат кај одговорното лице за спорт директно во општината (соба број 39, IV кат) или на mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот 

Јавниот повик ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 41