Урбанизам
Барање за добивање Б –интегрирана еколошка дозвола PDF Print
There are no translations available.

Согласно член 135 и 136 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 44/15), до Градоначалникот на Општина Неготино доставено е барање                       Б - интегрирана  еколошка  дозвола (број 11-601 од 16.12.2015).
Подносител на барањето
ДПТУ „Вардар Песок“ ДОО Црвени Брегови Неготино 
Адреса
с.Црвени Брегови Неготино
Локација на инсталацијата
с.Црвени Брегови Општина Неготино
Контакт лице
Јовица Ламбев - Управител
Тел/фах 075/665-108
Категорија на инсталацијата
Сепарациона  постројка.
Вид активности
Инсталација за ископ  и сепарирање на минерални суровини (песок и чакал).

 Целокупната документација содржана во барањето и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната  јавност од  21.03.2016  до 21.04.2016 година во просториите на Општина Неготино ул. ,,Ацо Аџи Илов“ бр.2 1440 Неготино, секој работен ден од 08-16 часот 3-кат, канцеларија бр.31. Контакт телефон  043/361 – 045, 076/212-094.                                                                                                                                                       
 
Извештај за стратегиска оцена на животната средина PDF Print
There are no translations available.

Детален урбанистички план за дел од УБ 9.1 Индустриска зона општина Неготино
 
Извештај за стратегиска оцена на животна средина за урбанистички план за село Тимјаник општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Нацрт верзија
 
О Д Л У К А PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (``Службен весник на РМ``бр.53/05, бр.81/05, бр.24/07, бр.159/08 ,83/09, 48/10, 124/10 ,51/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14),  Градоначалникот на општина Неготино донесе

                                                                             О Д Л У К А
За спроведување на стратегиска оцена

                                                                               Член 1
За планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна КО Неготино, Општина Неготино  , кој го донесува Општина Неготино потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
                                                                               Член 2
Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна ,КО Неготино Општина Неготино се определуваат следните: Министерството за животна средина и просторно планирање и  Општина Неготино.    
                                                                               Член 3
За планскиот документ Детален урбанистички план за индустриска заедница 8, измена и дополна  ,КО Неготино Општина Неготино  , за чија изработка е одговорено позитивно од страна на Министерството за животна средина, просторно планирање и води, а за усвојувањето на истиот е надлежна општина Неготино, се утврдува дека донесувањето на  овој плански документ ќе има влијание врз  животната средина.

                                                                               Член 4
Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти :влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание врз пределот, влијание врз биодиверзитетот, влијание во однос на генерирањето на отпадот.

                                                                               Член 5
Одлуката  заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена да се објави на веб страницата на општина Неготино на следната адреса /: www.negotino.gov.mk        
   
                                                                               Член 6
Против ова Одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина, просторно планирање и води во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

 
Извештај за стратегиска оцена на животна средина за урбанистички план вон населено PDF Print
There are no translations available.

Извештај за стратегиска оцена на животна средина за урбанистички план вон населено место за стопански комплекс на КП 1106/1, КП 1106/2, КП 1106/3, КП 1107, КП 4159/2, КП 1125/3, КП 1108, КП 1109/1, КП 1109/2, КП 1110, КП 1111/1, КП 1111/2, КП 1101/1 М.В Раткин Дол КО Неготино
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 7 of 13