Комунални работи и Сообраќај


ТРИБИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во организација на локалната самоуправа и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на одбележувањето на ,, Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ,, денеска во големата сала на општина Неготино во присуство на голем број ученици од неготинските училишта се одржа трибина на тема ,, Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици ,,.  На трибината присуствуваа и пред присутните со излагања на темата се обратија претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, општинскиот инспектор по сообраќај, одговорните во Полициската станица во Неготино и претставници од итната медицинска помош при Здравствениот дом од Неготино. Како што изјави секретарот на општина Неготино Сашко Јанев целта на трибината е преку вакви и слични настани да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и сообраќајната култура на сите учесници, со што пак се очекува и да се постигне крајниот и посакуван ефект – на ова подрачје да има што е можно помал број жртви во сообраќајни незгоди.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
  Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека доколку забележат евентуален проблем со уличното осветлување, можат да се обратат кај овластените лица во локалната самоуправа Борче Николов на телефонскиот број 078-484-954 и кај Јордан Трајков на телефон 070-304-499 во секое време од денот. По регистрирањето на пријавениот проблем, стручни екипи во најбрз можен рок ќе излезат на терен и ќе работат на отстранување на истиот.
 
Програма за водоснабдување и канализација Македонија PDF Печати
Квартален извештај Јули – Септември 2012 год.
 
ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОПШТИНА НЕГОТИНО 2012- 2017 ГОДИНА PDF Печати
ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОПШТИНА НЕГОТИНО 2012- 2017 ГОДИНА
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 Следно > Крај >>

Лист 2 од 3