Wa-mbrella
ОДРЖАНА ВОВЕДНА СРЕДБА (KICK OFF MEETING) ВО АРИДЕА-ОПШТИНА АЛМОПИА ГРЦИЈА PDF Печати
    На 17 и 18 Март 2019 проектните тимови од Општина Неготино-Партнер 2 и од ЈП,,Комуналец Неготино-Партнер 4,присуствуваа на прва работна средба во Аридеа- општина Алмопиа во Грција.Истата е дел од проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella),од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020. Проектните активности се реализираат за секој партнер посебно, но севкупна координација меѓу сите партнери е задолжителна   и за таа цел на средбата  најпрво на 17.03.2019 беше формиран Заеднички Управувачки Комитет кој го сочинуваат по 2 члена од секој од партнерите. Се разговараше околу дефинираните обврски на ченовите на  Управувачкиот Комитет на секој од партнерите и истиот беше потпишан на 18.03.2018.Генерални теми кои се дискутираа на средбата  за сите 4 партнери беа:Презентација на проектот во целост ,Развој на комуникациски план кој е обврска на водечкиот партнер-општина Алмопиа и кој што се очекува наскоро да биде подготвен и доставен до сите партнери .Истиот покрај другото  ќе ги опфати пред се таргетираните страни кај сите 4 партнери за времетраење на проектот и потоа.Важен дел од средбата беше разгледувањето на фазите на напредокот на проектот со посебен осврт на сите партнери. Во овој правец беше информирано дека општина Неготино покрај сите администртивни процедури и отпочнати тендерски постапки ги  одржа првите 2 информативни денови за земјоделците, а ЈП,,Комуналец дека е во фаза на подготовка на настанот,,Светски Ден на водата,,кој ќе се одржи во општина Неготино на 22 Март.Беа договорени заедничките активности од проектот кои ја одрзуваат прекуграничната соработка и во овој дел заклучокот беше дека Водечкиот партнер-општина Алмопиа , како одговорен во овој дел потребно е да ги забрза  дел од активностите со цел непречено истите да се спроведат и од страна на  општина Неготино и од страна на ЈП,,Комуналец,,.Се поставија рокови  и задолженија за следните 3 месеци и беше договорено сите 4 партнери да ги почитуваат зададените рокови.Најсуштински компоненти од договореното за Партнер 2 општина Неготино е во следните 3 месеци да ја спроведе тендерската постапка за изградба на колекторски дел (цевковод) за поврзување на канализациониот систем Тимјаник–Неготино, а додека за партнер 4 ЈП,,Комуналец,, да се спроведе тендерската постапка за набавка на геозвучни мерачи и детектори на загуба на водата за пиење.Средбата заврши со предлог период за одржување на следната техничка средба планирана да се одржи во Неготино во месец Јуни.
Повеќе...
 
Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint PDF Печати

Aridea,March 17th- 18th2019

 

Повеќе...
 
Втор информативен ден за земјоделците од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“wa-mbrella, денеска во Неготино се одржа вториот информативен ден за земјоделците од вкупно  планираните шест информативни денови во рамките на проектот. Клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски имаше излагање за управувањето со водите на национално ниво со осврт на влијанијата врз квалитетот на водата како резултат од земјоделските активности, експертот за хидрологија Атанас Угрински изврши претставување на расположливите водни ресурси во општина Неготино, додека експертот за земјоделски науки м-р Апостол Чугунцалиев говореше за добрите практики за наводнување на полињата и користа на земјоделците од нивната примена. На денешниот втор информативен ден Чугунцалиев имаше излагање и за добрите практики за употреба на заштитни средства за културите и презентација на заштитни средства за органско производство, за на крајот клучниот експерт Ѓоко Зороски пред присутните да ги презентира заклучоците со што и заврши вториот информативен ден за земјоделците.

Повеќе...
 
Во Неготино се одржуваат информативни денови за земјоделците PDF Печати

   Денеска и утре Неготино е домаќин на информтивните денови за земјоделците кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка кој се спроведува заеднички со водечкиот партнер, општина Алмопија од Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец од нашиот град. Во име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој поради службени обврски не можеше да присуствува на настанот, присутните ги поздрави и им посака успешна работа секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ, воведно обраќање имаше директорката на „Коминалец“ Марина Бојаџиева, проектниот менаџер Лолита Ристова изврши презентација на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (Wa-mbrella), а за моменталната состојба со животната средина во општина Неготино говореше клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски, кој воедно се осврна и на заштитата на животната средина со акцент на управување со водните ресурси и примена на заштитните средства при земјоделските активности. Главната цел на проектот е одржливо управување со водата преку најважните начини на нејзино користење и тоа во 3 сфери: 1-наводнување, 2-водоснабдување и 3-канализација, а намерата е преку проектот да се намали преголемата експлоатација и деградација на водата, како и намалување на еколошките влијанија на човековите активности преку одржливо користење на природните водни ресурси во екосистемите на прекуграничната област. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, истиот се спроведува во 3 фази, при што во тек е втората фаза од развојот на проектот кога ќе бидат преземени и најважните проектни активности. Земјоделците како целна група на овие информативни денови, покрај експертските излагања кои имаа и ќе имаат можност  да ги слушнат овие два дена, имаа можност да даваат свои предлози и препораки во правец на преземање активности за подобрување на состојбите во општина Неготино.Вториот отворен ден за земјоделците ќе се одржи утре (четврток) во големата сала на општина Неготино со почеток од 10,00 часот.

Повеќе...
 
На 13 и 14 март во Неготино ќе се одржат информативни денови за земјоделците PDF Печати
  Општина Неготино ги информира земјоделците дека на 13 и 14 март (среда и четврток) со почеток од 10,00 часот во големата сала на локалната самоуправа ќе се одржат информативни денови кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“. Поканата е отворена и важи за сите заинтересирани земјоделци од нашата општина. Целта на информативните денови е да се презентира состојбата со животната средина и управувањето со водните ресурси во општина Неготино со осврт на влијанијата брз квалитетот на водата и животната средина од вршење земјоделски активности и примена на заштитни средства, како и примена на добри практики за наводнување на полињата и употреба на заштитни средства за културите со цел поттикнување на органското производство. 
 
 
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>

Лист 6 од 7