Информации корона вирус
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

 Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА  ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават  денес (четврток) во периодот од 16.00 до 21.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон до координативното тело на општина Неготино.
Истовремено информираме тие кои што веќе се евидентирани минатиот викенд може само да потврдат дека  движење за вршење на земјоделска дејност ќе им биде потребно и во текот на престојниот  продолжен полициски час .

Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ  се пријавува за движење во текот на престојниот  продолжен полициски час заради вршење на земјоделска активност се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон
Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности  во периодот од 07.00-19.00 часот во деновите(петок , сабота, недела и понеделник)
Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.Граѓаните со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).
Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни  лица, не постари од 67 години!!!
Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:
078 484 970
078822292
070 370 555

 
„ Бутик Смајли “ Неготино со донација од 30 000 денари PDF Print
There are no translations available.

  И фирмата „ Бутик Смајли “ Неготино се вклучи во акцијата и се одзва на повикот на општина Неготино за доделување на помош со цел за справување со ширењето на Корона вирусот во општина Неготино. Имено, оваа компанија донираше 30.000 денари, средства кои општина Неготино ќе ги искористи за набавка на прехранбени производи и средства за лична хигиена кои подоцна ќе бидат распределени онаму каде е најпотребно. Воедно упатуваме огромна благодарност за оваа донација.
 
Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. Дел од истите денес беа поделени во населените места Црвени Брегови, Дуброво и Тимјаник.  На загрозени семејства кои живеат во близина на Куриски пат како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино. Општина Неготино се заблагодарува на сите општествено одговорни компании кои несебично помагаат во овие тешки моменти во справувањето со Корона вирусот и воедно Ве информира дека и во следните денови ќе продолжи со активности за помош каде што е најмногу потребно.
Read more...
 
Дезинфекција на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Упатувам уште еднаш апел до сите граѓани на општина Неготино, 61 часовниот карантин за време на викенд да го почитуваме максимално, да се придржуваме до препораките и заедно да ја издржиме кризата!

Останете сите во добро здравје!

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе

Read more...
 
Листа на правни лица кои поднесоа пријава до општина Неготино и кои ќе можат да вршат достава до домашна адреса на територија на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Листа на правни лица кои поднесоа пријава до општина Неготино и кои ќе можат да вршат достава до домашна адреса на територија на општина Неготино и имаат дозвола за работа се следните субјекти:
Ресторани / Пицерии / Сендвичари :

1. Скара „Алф“
2. Ресторан „Балкански“
3. Ресторан „Софра Вељанов“
4. Ресторан „Галарија“ (Технички)
5. Скара „Дамес“
6. Скара „Кај шефот“
7. Скара „Матадор“
8. Пицерија „Ема“
9. Ресторан „Чардак“
10. Гостилница „ХИС СТЕФ“
11. Сендвичара „Бизи Бургер“

 Превозници :

1. Такси „Попан“
2. Такси „Таци“
3. Tакси „ХИТ“
4. Такси „Симона Ангела“

 Маркети / Колонијални продавници:

1. „Алеко“ Комерц
2. ТП „Симона“ Колонијал
3. „Кока“ маркети
4. „Рива“ маркети
5. „Рико Мак“
6. ДДВ „С-Ване“ Криволак
7. „Саше Комерц“ - Пепелиште
8. „Риком“ - Пепелиште
9. „Сања Горан“ Дооел - Пепелиште
10. „Травел Владе“ - Пепелиште
11. „Марба“

#ОстаниДома
#ЗаштитиСЕ
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 4 of 13