Информации корона вирус
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ !!! PDF Print
There are no translations available.

Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус  ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои не се  пријавени за добивање на дозволи преку ПЕ на МЗШВ тоа можат да го сторат до вечер (петок) до 20.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон до координативното тело на општина Неготино
Потребните податоци  за лицето кое се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на викендот се:
1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4. дата и период на вршење на земјоделските активности
5.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
6.контакт телефон

Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.

Напомена:Пријавувањето е дозволено само за лица не постари од 67 години

Пријавувањето може да го направите на следниве контакт телефони:

078 484 970
070 370 555


Општинското координативно тело
 
Фирмата „Хем-алијанс“ донираше гелови за заштита и освежителни пијалоци PDF Print
There are no translations available.

   Во пресрет на започнувањето на 61-часовниот полициски час, денеска и фирмата „Хем-алијанс“ од нашиот град реализираше донација која ќе биде распределена онаму каде што истата ќе се оцени дека е најпотребна. Имено, оваа фирма донираше 200 броја освежителни пијалоци во лименки, 200 броја вода и 10 гелови за заштита, за што општина Неготино упатува јавна благодарност. Оваа донација ќе биде наменета за полициските дежурни службеници од ОВР Неготино кои во наредните речиси 3 денови ќе се грижат за безбедноста на населението и почитувањето на полицискиот час,  во период до понеделник до 05,00 часот наутро до кога и ќе трае забраната за движење.

Read more...
 
„Sвезда-комерц“ со донација се вклучи во справувањето со состојбата со корона вирусот PDF Print
There are no translations available.

   Покрај многуте правни и физички лица кои се одзваа на апелот на општина Неготино да донираат за полесно справување со корона вирусот, а донациите беа распределени таму каде што се најпотребни, и фирмата „Sвезда-комерц“ од нашиот град со донација покажа општетствена одговорност. Имено, оваа неготинска фирма донираше медицински ракавици, заштитни наочари, работнички ракавици и заштитни маски, за што општина Неготино упатува јавна благодарност и ги поттикнува и останатите фирми кои досега не го сториле тоа да донираат. И оваа, како и предходните донации, ќе биде распределена онаму каде што ќе се оцени дека е најпотребна.

Read more...
 
Општинската администрација повторно во пресрет на граѓаните на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Донациите кои општествено-одговорните претпријатија, како и поединци од приватниот сектор ги доставија до општина Неготино ( заштитни маски, ракавици ), денес ги поделивме на градскиот плоштад.

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе

 

Read more...
 
Дезинфекција на објекти PDF Print
There are no translations available.

   И денес продолжуваме со дезинфекција на објекти. Дезинфицирани се повеќе јавни објекти и приватни претпријатија
 Исто така, упатуваме апел до сите фирми, маркети , станбени згради кои сакаат да им биде извршена дезинфекција, општина Неготино им стои на располагање со што тимовите кои се секојдневно на терен ќе може да им извршат дезинфекција.

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 5 of 13