Информации корона вирус
Фирмата „Коди-ком“-Неготино со донација во вредност од 40.000 денари PDF Print
There are no translations available.

  Средства за лична хигиена, средства за дезинфекција на домовите и други неопходни работи за време на вонредна состојба донираше фирмата „Коди-ком“ од Неготино. Вредноста на донацијата изнесува 40.000 денари за што општина Неготино изразува јавна благодарност до донаторот и информира дека донираните производи ќе бидат дистрибуирани до ранливите категории граѓани на кои помошта во овие мигови им е најпотребна.

Read more...
 
„КИМ“-Неготино донираше сопствени производи во вредност од 6.000 денари PDF Print
There are no translations available.

   И компанијата „КИМ“ од Неготино со донација се вклучи во масовната акција за доделување помош за полесно справување со корона вирусот. Имено, оваа неготинска компанија донираше производи од сопствената богата палета во вредност од 6.000 денари. Општина Неготино упатува јавна благодарност за донацијата и информира дека производите ќе бидат распределени онаму каде што ќе се оцени дека е најпотребно.

Read more...
 
Ставен во функција уред за автоматска дезинфекција на возилата PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино во соработка со приватниот сектор обезбеди и стави во функција уред за автоматска дезинфекција на возилата со што се постигнува поголема ефикасност и намалување на потребата од човечки ресурси. Првиот уред кој веќе работи е поставен на влезот од Неготино кај старите погони на ФЕМ и со истиот се дезинфиницираат сите возила кои влегуваат во нашиот град, а во функција ќе се стави и вториот уред на влезот во Неготино од Кавадарци. Локалната самоуправа упатува благодарност до фирмата „Ал-кито“, Марина метал и други фирми кои помогнаа за брза и аефикасна подготовка и ставање во функција на уредите за автоматска дезинфекција на возилата. Општина Неготино и понатаму продолжува со преземање на соодветни мерки за заштита од корона вирусот.

Read more...
 
Континуирано растен бројот на поединци и фирми донатори од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Во континуитет расте бројот на поединци и фирми донатори од нашата општина кои донираат финансиски средства, прехранбени продукти и заштитна опрема за полесно справување со корона вирусот. Општина Неготино упатува јавна благодарност до фирмата „Полет шпед“ од Тремник и Горан молер Јованов кои донираа заштитни маски кои ќе бидат распределени онаму каде што истите се најпотребни.

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 8 of 13