Информации корона вирус
Дезинфекција на објекти PDF Печати
   И денес продолжуваме со дезинфекција на објекти. Дезинфицирани се повеќе јавни објекти и приватни претпријатија
 Исто така, упатуваме апел до сите фирми, маркети , станбени згради кои сакаат да им биде извршена дезинфекција, општина Неготино им стои на располагање со што тимовите кои се секојдневно на терен ќе може да им извршат дезинфекција.

#ОстаниДома
#ЗаштитиСе
 
Важно соопштение PDF Печати
 Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од среда (08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ.

Право на вадење на дозвола имаат лица кои се регистрирани и се занимаваат со:
- Сточарство
- Пчеларство
- Оранжерии
- Лозарство(услов: да се регистрирани земјоделци, или да имаат над 2️ха површина под лозов насад).

Правните лица, своите дозволи треба да ги вадат преку Стопанската комора.
 
Затворени за употреба сите отворени детски игралишта, спортски терени во општина Неготино PDF Печати

   Мобилните тимови од општина Неготино и денес се на терен. Ги затворија сите отворени детски игралишта, спортски терени, Спомен костурницата во општина Неготино. Реквизитите, влезовите на игралиштата и спортските терени се оградени со лента и сите отстапувања од препораките за не користење на овие места ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани од страна на ОВР Неготино;
Со оваа акција како општина преземаме дополнителни мерки за заштита од Корона вирусот, а воедно упатуваме апел граѓаните да се воздржат од користење на овие објекти, бидејќи само така ќе го заштитиме сопственото но и здравјето на сите граѓани од општина Неготино.

Повеќе...
 
Трет координативен состанок за доследно почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино PDF Печати
Денес во општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со претставници на ОВР Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, претставници од општинската администрација и ЈП „ Комуналец “ Неготино одржа трет координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино за заштита од Корона вирусот во периодот што следи.
Во рамки на препораките од Министерството за здравство и мерките од Владата за заштита и превенција од корона вирусот се донесоа следните заклучоци:
•    Градскиот пазар во Неготино ќе остане затворен се додека траат мерките и препораките од страна на Министерството за здравство и Владата, а се во насока на заштита на населението и спречување на ширењето на КОВИД 19;
•    ЈП „ Комуналец“ Неготино два пати во неделата ќе врши дезинфекција на сите улици во град Неготино но и населените места;
•    ЈП „ Комуналец “ Неготино редовно врши и ќе врши дотур на дезинфициенси на двата пункта за дезинфекција на возилата кои се поставени на влезот и излезот на градот ;
•    Детските паркови, игралишта, Спомен костурницата во градот се затвораат за користење за сите посетители;
•    Обезбедените заштитни маски утре ќе се делат на граѓаните од општината на градскиот плоштад во Неготино;
•    Се продолжува со распределувањето на обезбедените донации                   ( пакети ) од страна на општествено одговорни фирми и поединци од општината за ранливите категории на граѓани од населените места но и градот;
•    ОВР Неготино континуирано ќе продолжи да врши контрола на сите лица кои се во задолжителна самоизолација како и домашна самоизолација ;
•    ОВР Неготино ќе врши почеста обиколка на градот и населените места во општината и воедно упатуваат апел до сите граѓани дека сите отстапувања од препораките ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани;
•    Општина Неготино ќе им стои на располагање на сите фирми , маркети, станбени згради од општината кои ќе сакаат да им се направи дезинфекција;
ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
Повеќе...
 
ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ПРОСТОРИИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА PDF Печати
   Согласно  препораките и мерките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија , денес  волонтерите од општина Неготино извршија дезинфекција на сите работни простории во општинската зграда.
За потсетување , во текот на претходните денови беше извршена дезинфекција на сите улици во град Неготино, населените места како и дезинфекција на сите станбени згради во општината.
Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба и да ги следат препораките од Министерството за здравство, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на овој вирус во нашата општина.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 13