АСФАЛТИРАНА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ПЕПЕЛИШТЕ Print
There are no translations available.

  Согласно Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино и со средства од општинскиот Буџет се изврши тампонирање и асфалтирање на главната и најпрометна улица во с. Пепеплиште во должина од 780 метри. На овој градежен зафат му предходеше изведување на земјените работи и тампонирање на споменатата улица – активности кои ги изведе градежната оператива на Градба промет со нивна вкупна вредност на чинење од 2.345.000 денари, при што е извршено вградување на околу 800 м3 дробеник, а паралелно изработени се и банкини во должина од 1.500 метри.

    Асфалтерските работи беа изведени од страна на градежната оператива на Гранит со асфалтирање на вкупна површина од 3.900 метри квадратни. Вредноста на асфалтерските работи изнесуваше 2.207.000 денари или севкупно од Буџетот на општина Неготино за изведување на работите за комплетна реконструкција на главната улица во Пепелиште беа издвоени 4.552.000 денари. Ширината на асфалтираниот коловоз изнесува 5 метри, а на по 1 метар странично изведени се банкини од дробеник.