Градоначалникот Делков изврши увид на проекти кои се реализираат во општина Неготино Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска изврши увид на работите на дел од проектите кои во овој период се реализираат на територијата на нашата општина. Придружуван од своите соработници, градоначалникот Делков ги следеше работите за санација на тротоарот на улица „Маршал Тито“, изврши увид на подготвителните работи за спроведување на проектот за подобрување на енергетската ефикасност преку замена на целото улично осветлување со поставување на нови штедливи светилки и зафати на општинската зграда и средното општинско училиште, а го посети и просторот на локацијата каде што инвеститор гради станбено-деловен комплекс на местото на зградата на ДТВ Партизан која неодамна беше срушена. Во рамките на увидот, градоначалникот се запозна и со текот на работите за поставување атмосверска канализација на ул „Браќа Миладинови“ со поставување цевки за одвод на уличните води на оваа улица, а престојуваше и во Тимјаник каде што во моментов се врши уредување на улица во должина од 400 метри со поставување на бехатон коцки.По одбележувањето на хоризонталната сигнализација, во тек е фарбање и одбележување на бетонските рабници на тротоарите.