ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, Печати

   Во присуство на сегашни и поранешни вработени во оваа образовна установа, претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот Пане Трајков и други гости, со низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште ,, Страшо Пинџур ,, од Неготино. Претставници на училиштето, на локалната самоуправа и на боречката организација положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на патронот, а потоа за присутните беше организирана богата културно уметничка програма. Во пригодното обраќање, директорката на училиштето Весна Јованова говореше за постигањата во изминатиот едногодишен период помеѓу двата празника , како и за напорите што одговорните ги прават за осовременување на образовниот процес и создавање подобри услови и за наставниците и за учениците при одвивањето на наставата. Одбележувањето на патрониот празник беше искористено на поранешни вработени во училиштето кои се пензионирале да им бидат врачени пригодни подароци, а наедно признанија добија и ученици кои освоиле награди и кои достојно го претставувале своето училиште на  домашни и меѓународни натпреварувања и манифестации.