ГРАДСКАТА КАПЕЛА РЕЧИСИ ГОТОВА Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
 Финишираат градежните работи на Градската капела во Неготино, а работниците на изведувачот Пер-инженеринг паралелно се ангажирани во изведувањето на завршните работи  на надворешноста и внатрешноста на овој објект. Во меѓувреме беше распишан јавен тендер и се избра најповолниот понудувач кој има за задача да ја опреми внатрешноста на капелата со неопходните елементи потребни за нејзино непречено функционирање. Инаку, станува збор за објект со димензии 20 на 20 метри должни, односно капелата зафаќа површина од 400 метри квадратни, а во нејзин склоп има влезен трем, сала за излагање, просторија за подготовка, соба за одржување, за најблиските и свештените лица, како и друг простор. Одговорните во стручните служби на локалната самоуправа велат дека за комплетната изградба и опремувањето на капелата ќе бидат потрошени средства во висина од 10 милиони денари кои се комплетно обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Се очекува, доколку се тече според предвиденото, градската капела да биде предадена во употреба во втората половина од месец мај.