Во Неготино реализиран проект „Ослободи го умот од корупција“ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Со изведба на химната против корупција, театарска претстава и аудио-видео презентација во нашиот град се реализираше проектот „Хепи хипо шоу-ослободи го умот од корупција“. Како што истакна раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски истиот има за цел надминување на состојбите со корупцијата во општеството, развој на земјата и општините, организирање мрежа за развој, а во ноември во Неготино ќе се формира и Локален совет за развој на општината со усвојување на конкретни програми за работа во насока на мобилизирање на сите позитивни вредности за развој на вкупното општество, а во кој ќе членуваат соодветни претставници. Во рамките на реализацијата на овој проект, организаторите и учесниците на потегот кај Спомен-костурницата заедно засадија едно дрво јавор - кое ја има симболиката на дрво за развој на општината.