ПРОМОВИРАН РЕГИОНАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПОРТАЛ Print
There are no translations available.

Општина Неготино во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја организираше првата работилница на која се изврши презентација и промоција на Регионалниот образовен портал. Како што беше појаснето од страна на стручните лица кои го промовираа проектот, образовниот портал е веб – базирано решение за колаборација, комуникација и презентација на образовни содржини кои се прилагодени на образовниот систем.

    Како платформа за управување и учење, решението им овозможува на наставниците да управуваат и да ги реализираат административните активности, на учениците им се обезбедува интерактивен начин на учење, а на нивните родители им овозможува контрола и вклучување во образованието на нивните деца. Инаку, образовниот портал како платформа има можности да интегрира неограничен број на корисници.
    При презентацијата на платформата за учење и колаборација се извршија стручни предавања за општинскиот образовен портал – концепт на платформа за учење и колаборација, за ресурсите за учење и креирање на тестови и материјали, а беше дадена и стручна помош за изготвувањето на задачите со упатства за нивна намена и примена. Самата промоција предизвика голем интерес и беше масовно посетена од страна на заинтересирани лица од општина Неготино.