Денеска (среда 22.05.) до 16,00 ч. ќе има прекин во водоснабдувањето Печати
  Се известуваат потрошувачите на вода за пиење од Неготино дека поради дефект на главниот цевковод Ф 315 од Ваташа кон Неготино, денеска (среда 22.05.) во периодот до 16,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на ЈП Комуналец се на терен, работат на отстранување на дефектот и според најавите водоснабдувањето ќе се нормализира околу 16,00 часот.