Денеска (среда 29.05) ќе нема вода за наводнување на дворните површини Печати

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“-Неготино ги информираат граѓаните-потрошувачи дека поради настанат дефект и интервенција од страна на надлежните, денеска (среда 29.05) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. Прекинот е поради настанат дефект на главниот канал од мрежата од Кавадарци кон Неготино, а на отстранувањето на истиот работат екипи на ЈП„Водостопанство Тиквеш“ од Кавадарци. По завршувањето на санацијата на дефектот, ќе се нормализира и снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини.