До 10-ти јули 2019г. вежбовни боеви активности на полигонот Криволак Печати

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 10-ти јули 2019 година на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.